Потребни состојки:

банана

лимон

мед

Постапка:

Излупете ја бананата и од нејзината кора исечете едно убаво правоаголно парче.

Од внатрешната страна натопете го со лимонов сок, а потоа додадете и малку мед.

Тријте ги дланките или областа на кожата којашто сакате да ја избелите во времетраење од 5-10 минути.

Оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со ладна вода.

Маска за лице од банана, лимон и мед

Денес на пазарот можете да најдете неверојатни производи за нега на кожата. Но понекогаш квалитетната нега не се наоѓа на полиците во продавниците туку во вашата кујна.

Ова е еден рецепт за маска од банана и лимон кој и дава помлад изглед на кожата. Бананата содржи калиум, бета каротен и витамини од Б групата што ја прави одлична за нега на кожата.

Помага за намалување на подочниците и на кесичките одоздола. Освен тоа, со оглед на тоа што бета каротенот во телото се претвара во витамин А, бананата го спречува делувањето на слободните радикали.

Лимонот и медот се одлични сојузници во борбата против нечиста кожа. Медот делува антибактериски и антисептички, додека лимонот го изедначува тенот.

Постапка:

Згмечете ја бананата и помешајте ја со лажичка мед и лажичка лимон. Мешајте ја смесата додека не се изедначи па нанесете ја на лицето. Оставете да делува 20-30 минути.

Измијте се со млака вода, а потоа на лицето нанесете ја својата вообичаена хидратантна крема.

Ја осветлува кожата на местото каде имало лузни од акни

Доколку се соочувате со честа појава на акни пробајте го следниот трик со лушпа од банана.

Извадете ја лушпата од зрела банана и исечкајте ја на покрупни парчиња. Втријте ја со циркуларни движења на лицето каде се појавуваат акните или пак лузничките од акни и мозолчиња и правете кружни движења на лицето се додека парчето да потемни. Повторувајте 2 пати седмично.