Велигден, или празникот на Христовото вос-кресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Стра-далната седмица заврши со новиот ден, денот на вос-кресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена.
Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мрт-вите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.
Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не вос-креснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.
И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и с-мртта.
Утрото на третиот ден од Христовата с-мрт до неговиот гро-б дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гро-бот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото вос-кресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род – религија.мк
Светол или Велигденски вторник е втор ден по Велигден кога продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник – Велигден, како во црквите така и во домовите на православните верници. Богослужбите се исти како и претходните два дена.
Велигденските празнувања траат три дена, а на Велигденскиот вторник продолжуваат гозбите и веселбите на кои доаѓаат роднините, кумовите, соседите и пријателите, па во тоа време се собираат и роднините од подалечните краишта.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Во некои села, се одржуваат и свадби, зошто се смета дека овој ден има посебен благодет кој се пренесува на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.
Според преданието, во недела рано пред зори Марија Магдалена, Марија Јаковлеа, Саломија и некои други жени отишле со подготвено миро до вечниот дом на Христа. Големиот камен со кој бил затворен Христовиот дом бил тргнат, а вечниот дом празен. На каменот седел ангел Божји, со лице како молња и одежда бела како снег.
Стра-жарите – вој-ници биле вко-чанети од с-трав, а тогаш им се обратил ангелот: „Не плашете се, зошто знам дека го барате Исус. Не е тука зошто стана. Одете брзо и кажете им на неговите ученици дека вос-кресна. Жените и збунетите војници веднаш се стрчале во градот за да ги известат еврејските поглавари за тоа што виделе, а народот многу се израдувал.
Поради таа единствена работа која овие три дена верниците мора да ја почитуваат, е да споделат радост со блиските. Народното верување вели дека оние кои не го почитуваат ова едноставно „правило“ му пр-косат на Бога и Христа и нема да им оди во животот „како што треба“.