Сите знаат дека Лепа Брена и денес е најголемата ѕвезда на нашите простори, сите се сеќаваме на нејзините песни, настапи, спотови, Барби куклата, а сега ви го откриваме рецептот за торта која гордо го носи нејзиното име.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за една кора (потребни ви се 3): 6 белки, 12 лажици шеќер, 12 лажици ореви, 2 лажици брашно. Состојки за првиот фил: 18 жолчки, 200 г шеќер, 150 г чоколадо, 1 маргарин или путер (200-250 г). Состојки за вториот фил: 300 г ореви, 100 мл млеко, 125 г маргарин, 200 г шеќер во прав
ПОСТАПКА: Белките изматете ги со миксер во цврст снег, па додајте шеќер и продолжете со матење додека тој да се растопи. потоа додајте ги мелените ореви и брашното. Се меша со шпатула за да остане воздушна.
Смесата се распоредува во калап за торти со флексибилен обрач и се пече во загреана рерна на 180-200 степени, 15-тина минути или во зависност од вашата рерна и димензиите на калапот (за повисок бисквит печењето е неколку минути подолго). На ист начин испечете вкуспно три кори.
Прв фил: жолчките пенасто изматете ги со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да згусне и побели како крем. Оваа смеса потоа префрлете ја во сад врз пареа и мешајте непрекинато 10-15 минути (температурата треба да биде 70-72 степени за да бидат добро зготвени).
Во врелиот фил додајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини. Оставете да се олади на собна температура. Омекнатиот путер/маргарин изматете го пенасто со миксер и додајте го оладениот фил, па соединете.
Втор фил: во посебен сад загрејте го млекото и залијте ги мелените ореви помешани со шеќерот во прав. Мешајте за да се попарат оревите рамномерно. Оставете да се олади на собна температура. Омекнатиот путер/маргарин изматете го пенасто со миксер и додајте го оладениот фил, па соединете.
РЕДЕЊЕ: Кора, половина од прв фил, половина од втор фил, кора, половина од прв фил, половина од втор фил, кора. Оставете да се олади во фрижидер неколку часа а најдобро преку цела ноќ. Декорирајте ја по желба со фондан, чоколаден прелив, шлаг или едноставно наросена со ореви.
Деталите од презентацијата на Практична жена можете да ги погледнете ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Заборавена и малку запоставена старинска торта од мојот тефтер – секој го знае нејзиното име – Интерконтинентал“ – ОВДЕ.
Заборавена и малку запоставена старинска торта од мојот тефтер – секој го знае нејзиното име