Фото и рецепт: Светлана Топиќ
Потребни состојки за кора:
8 белки
200 г шеќер
2 ванилин шеќер
250 г мелен мак (семе од афион)
1 прашок за печиво
2 лажици брашно
Постапка:
Се матат белките пенасто, па постепено се додава шеќерот и ванилата, се мати додека да се растопи и да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе се преврти.
Брашното, макот и прашокот за печиво се мешаат заедно, па постепено се додаваат во снегот од белки и се мешаат со лажица.
Се печат две кори во среден плех обложен со хартија во загреана рерна на 200 степени околу 15 до 20 минути. Потоа се сечат на половина за да добиете 4 кори.
Потребни состојки за фил:
8 жолчки
200 г шеќер
10 лажици брашно
700 мл млеко
2 ванилин шеќер
250 г путер/маргарин
Постапка:
Се матат жолчките со шеќер, се додава брашното и ванилин шеќерот. Млекото се става на оган, па кога ќе зоврие се намалува огнот и постепено се додава во жолчките и се мати.
Па кога ќе се стоплат жолчките постепено се додаваат (се враќаат) во топлото млеко и со постојано мешање се готви на многу тивко додека да згусне. Внимавајте да не ви загори!
Се филува: кора-фил-кора-фил… украсете по желба.
Фото и рецепт: Светлана Топиќ