ТОРТА СО ЈАФА КЕКСИ: Голема и лесна, а побрза и поедноставна подготовка досега не сум сретнала…Секој побара уште едно парче…

Од омилениот бисквит-колачи направете празнична торта која можете да ја послужите во секоја прилика.

Слоевите наменети за кори се направени од бисквитите Јафа, а одозгора прекрасен фил од пудинг и слатка павлака. Наместо глазура се прекрива со стаклест слој кој се добива со желатин. Освежителен и лесен, ќе ве освои уште на првиот залак. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г Јафа бисквити (ресана)
800 г кравјо сирење (ситно, младо, несолено – урда)
20 г ванилин шеќер
10 јајца
60 г пудинг од ванила
200 г шеќер
400 мл слатка павлака
200 г Јафа бисквити
400 мл вода
80 г желатин
арома на портокал

ПОСТАПКА:

Долниот дел од калапот обложете го со хартија за печење и наредете го првиот слој јафа бисквити. Јајцата изматете ги со шеќер и ванилин шеќер. Не треба предолго да се матат, туку колку да запенат и добро да се разредат.

Додајте го издробеното сирење и пудингот од ванила (во прав), па продолжете со матење за да се изедначе. Во смесата сипете ја ладната слатка павлака и убаво изматете со миксер додека добиете фина, мазна и густа смеса како крем.

Прелијте го добиениот крем врз јафа бисквитите, протресете го калапот за да се распореди насекаде рамномерно и да се израмни, Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180°C околу 30 минути.

Додека е топол колачот одозгора наредете нов ред јафа бисквити. Растворете желатин во вода и додајте неколку капки арома на портокал. Оставете сето да зоврие па тргнете од оган.

Кога ќе се олади (млако) прелијте ги бисквитите, па оставете ја тортата во фрижидер еден час убаво да се стегне. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.