Торта со бисквити и јагоди…Многу едноставна, брза подготовка, освежителна и не е многу блага…секој побара уште едно парче…Рецепт и фотографии на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Кора:
220 г мелени бисквити
80 г растопен путер
80 мл млеко
2 кесички ванилин шеќер
Фил:
700 мл млеко
3 пудинзи без готвење со вкус на ванила
100 г путер
150 г бело чоколадо
80 г мелени бисквити
200 г јагоди
Прелив:
150 г бело чоколадо
80 мл слатка павлака
Декорација:
1 кесичка шлаг
100 мл млеко
ПОСТАПКА:
1. Кора: обрачот за калап од торти 22 см обложете го со хартија за печење и поставете го врз десертна тацна.
Во подлабок сад помешајте ги мелените бисквити со растопениот путер, млекото и ванилиниот шеќер. Добро измешајте ги состојките со рака.
Истурете ја смесата внатре во прстенот и со лажица формирајте кора. Дополнително, притиснете го со раката или со дното на чаша. Плехот со формираната кора оставете го настрана.
2. Фил: Ова е еден од наједноставните филови. Белата чоколада искршете ја на коцки и ставете ја во помал сад. Додајте сечкан путер и ставете на тивок оган да се растопи. Растопеното чоколадо со путер тргнете го од оган да се излади малку.
Јагодите исечкајте ги на коцки и оставете ги настрана. Во длабок сад сипете ладно млеко (од фрижидер), додајте пудинг со вкус на ванила (кој не се вари, треба да е означено на амбалажата) и изматете со миксер.
Не грижете се, ќе добиете цврст пудинг, но така треба. Веднаш додајте ја смесата од растопено чоколадо и путер и изматете.
Додајте мелен бисквит и измешајте. На крај додајте ги сечканите јагоди и со шпатула соединете ги со филот. Над кората се става филот и се рамни со лажица. Преливот се прави веднаш.
3. Прелив: белата чоколада искршете ја на коцки и ставете ја во помал сад. Додајте слатка павлака и мешајте на ниска температура додека да се растопи чоколадото и да добиете мазен прелив.
Тргнете ја тавата од оган, изладете малку и рамномерно прелијте врз филот.
Оставете ја тортата во фрижидер 3-4 часа, извадете го прстенот, хартијата за печење и украсете ја по желба (изматената павлака изматете ја со ладно млеко, ставете ја во украсен шприц и украсете ја тортата.
Можете да ја посипете со растопено темно чоколадо на страните, но не мора).