Потребни состојки:

450 г мелени бисквити

250 г мелени ореви

1,5 кг банани

4 жолчки

250 г шеќер во прав

250 г путер

100 г чоколадо за готвење

300 мл слатка павлака

300 мл сок од портокал

1 лимон – сок

Постапка:

Мелените бисквити прелијте ги со сок од портокал и добро промешајте.

Посебно изматете путер, шеќер во прав и жолчки.

Додадете го во натопените бисквити, мелени ореви и мешајте додека да добиете компактна смеса.

Добиената смеса поделете ја на два дела.

Во калап за торти обложен со фолија, распоредете ја едната половина од смесата.

Бананите испрскајте ги со сок од лимон и наредете ги одозгора.

Во вториот дел од смесата додадете растопено чоколадо и добро промешајте, па распоредете го преку бананите и израмнете.

Слатката павлака изматете ја во цврст снег и премачкајте преку тортата.

Готовата торта ставете ја во фрижидер да се стегне, а потоа извадете од калапот.