Home Рецепти Торта ШВАЛЕРКА со 21 јајце, проверете зошто сите ја прават!

Торта ШВАЛЕРКА со 21 јајце, проверете зошто сите ја прават!

Има повеќе верзии од оваа торта.

Потребни состојки (1х3): 7 белки, 7 лажици шеќер, 1 лажица оцет, 150 г мелени ореви и 2 лажици презла

Постапка: се матат белките со шеќерот во снег, се додава лажица оцет на крај кога ќе се добие цврст снег. Со лажица се додаваат оревите и презлите. Се печат 3 вакви кори.

Потребни состојки на фил 1: 1 литар млеко, 4 пудинг од чоколадо, 6 жолчки, 150 г шеќер, 150 г путер, 2 ванилин шеќер, 300 г чоколадо

Постапка: Во малку млеко се размешува прашокот за пудинг со шеќерот и жолчките, па сварете го остатокот од млекото. Во изладениот крем додадете изматен путер, ванилин шеќер и растопено чоколадо.

Потребни состојки за фил 2: 15 жолчки, 150 г шеќер, 150 г путер и 2 ванилин шеќер

Постапка: Жолчките се матат со 150 г шеќер, се готват на пареа 15 минути, па кога ќе излади се додава изматен 150 г путер и 2 ванили.

За декорација: 4 крем шлаг, изматено според упатството.

Редење: кора, фил 2, фил 1, се наросуваат сечкани ореви, половина од шлагот, кора, жолт гил, чоколаден фил, сечкани ореви, шлаг крем, шолт фил, чоколаден фил. Одозгора се украсува по желба.

Ова е слична верзија: