Доколку сакате да направите вистинска домашна торта, тогаш ова е рецептот за вас. Можете да ја послужите како торта или како колач, а додека се подготвува и пече, целата куќа мириса неодоливо. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јаболка (излупени и исечкани на коцки), сок од половина лимон, 200 г шеќер, 150 г грубо сечкани ореви, 200 г брашно, 1 мала лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка), 3 јајца, 1 прстофат сол, малку цимет по вкус кој сака (не е наведено во рецептот)




ПОСТАПКА: Јаболката добро измијте ги и исчистете ги, па ситно исечкајте ги. Ставете ги во еден огноотпоред сад и преку нив напрскајте лимонов сок за да не потемнуваат. Потоа наросете 200 г шеќер, промешајте добро, поклопете и оставете ги јаболката да отстојат половина час во фрижидер.




Оревите можете да ги исечкате врз даска или кратко да ги пуштите на неколку „пулса“ во блендер, или пак да ги ставите во кеса, па со помош на оклагија да ги притиснете одозгора и на тој начин да ги иситнете. Потребни ви се 150 г ореви.




Во посебен сад просејте 200 г брашно и една лажичка прашок за печиво, па додајте ги сечканите ореви и промешајте со виљушка. Потоа, од три јајца во посебни садови одвојте ги белките од жолчките.




Трите жолчки додајте ги во сечканите јаболка, па промешајте со лажица или шпатула за да се изедначат состојките.




Потоа смесата со јаболка и жолчки додајте ја во сувите состојки од брашно и ореви, па измешајте добро со шпатула додека сите состојки добро да се изедначат. По желба, во оваа смеса кој сака може да додаде малку цимет или мускатно оревче или кардамон за мирис.




Во белките додајте пстофат сол па пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег. Шамот од белки постепено додајте го во претходната смеса, промешајте со шпатула и изедначете. Помал калап за торти со флексибилен обрач добро намастете го со путер (дното обложете го со хартија), па во него излејте ја добиената смеса и израмнете.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени околу 50 минути. Печениот колач оставете да се олади, па одозгора наросете го со шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.