Домашна кремпита е најубавиот колач од детството кој ми останал во сеќавање. Баба ми тврдеше дека ова е оригиналниот рецепт за кремпита и дека по овој рецепт излегува навистина кремаста, а кората е фина и крцкава. Верувам дека таа имаше вешти раце, па навистина ова беше најубавиот колач, поубав и од слаткарница.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 жолчки од јајца, 6 супени лажици шеќер, 6 супени лажици вода, 4 супени лажици масло, 4 супени лажици брашно, 10 г прашок за печиво, 6 белки од јајца, 5 супени лажици шеќер. И уште: 1 литар млеко, 6 супени лажици шеќер, 4 ванилини пудинзи (150 г), шеќер во прав за наросување.




ПОСТАПКА: издвојте ги белките од жолчките во посебен сад. Во жолчките додајте 6 лажици шеќер и пенасто изматете со миксер додека да се растопи шеќерот и да се формира крем, за што е потребно околу 2 минути матење.

Потоа додајте 6 супени лажици вода, 4 лажици масло, 4 лажици брашно, прашокот за печиво и повторно изматете до соединување на останатите суви состојки. За полесно матење и формирање на смесата се препорачува јајцата да отстојат минимум 1 час на собна температура пред подготовка на кремпитата.




Смесата излејте ја во плех 30 со 40 см обложен со хартија за печење и развлечете ја со шпатула низ целата површина на тепсијата. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Потоа ккората се остава да се олади.




Земете калап кој е двојно помал од кората и по негови мерки исечете ја на половина кората. Останатата кора оставете ја настрана бидејќи ќе ви биде потребна за подоцна. Белките кои претходно ги издвоивте изматете ги заедно со 5 лажици шеќер додека да се формира шлагеста структура, за што е потребно околу 3 минути матење.




ЗА ПУДИНГОТ: во литар млеко во тенџере ставете го шеќерот и пудинзите и варете на средна температура додека смесата да се згусне додека постојано мешате со жица или шпатула. Кога пудингот ќе ја добие посакуваната конзистентност и густина постепено започнете да го додавате во изматените белки.




Непрекинато матете со миксер додека да се соединат двете смеси во едноличен, течен крем. Кремот се прелива врз првата кора во калапот и добро се измазнува на површината. Потоа одозгора се става и втората кора и колачот се става минимум 6 часа во фрижидер да се стегне или преку ноќ.

По изминатото време извадете го обрачот од калапот и колачот послужете го со наросен шеќер во прав. Може да сечете на правоаголници или коцки, по ваша желба. (втор рецепт) Оригинален крем за кремпита: рецептот е yкpаден од слаткарница, му нема рамен!




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 6 јајца, 1 ванилин шеќер, 10 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1 литар млеко, 2 лажици густин, 1 шлаг кесичка или 200 мл слатка павлака. КРЕМ ЗА ВИСОКА КРЕМПИТА: 6 јајца, 20 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 кутија (400 г) густин, 6 лажици брашно, 500 мл вода, 2 литри млеко.




ПОСТАПКА: изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот, додајте брашно па сварете во млекото. Тоа значи да се меша на тивок оган барем 10-15 минути додека убаво да згусне. Кога смесата малку ќе излади, додајте го изматениот шлаг и лесно, со лажица промешајте.




Кремот ставете го на лист за кремпити, прекријте со друг лист исечен на квадрати и наросете со шеќер во прав. ЗА ВИСОКА КРЕМПИТА: изматете 6 жолчки со 10 лажици шеќер и додадјте густин, помешајте со вода и брашно, па сварете во млеко.




Изматете цврст снег од 6 белки и 10 лажици шеќер, па лесно измешајте во малку изладениот крем и филувајте во подлабока тепсија помеѓу два листа, а горниот веќе да биде исечен на коцки за полесно да се сече. Ова е рецепт само за кремот, а толку многу е вкусен што можете да го користите за полнење принцес крофни и други колачи. / соolinarika.com