Торта ЛЕДЕН ВЕТАР со овошје по желба, нема поубава летна и освежителна торта од оваа

Фото и рецепт: Елвира Бегзо Бесиќ

Потребни состојки за бела кора:

9 белки
300 г шеќер
1 супена лажица јаболкова киселина

За крем:

9 жолчки
4 лажици шеќер
4 лажици остро брашно
250 мл млеко
3 ванилин шеќер
250 г маргарин/путер
500 мл слатка павлака (кој сака може и повеќе)
овошје: банани, јагоди, киви и слично, по желба
лимонов сок

Постапка:

Loading...

Изматете цврст снег од белки, додадете шеќер, матете додека тој да се растопи, а пред крајот додадете и лажица јаболкова киселина.

Снегот од белки убаво распоредете го во плехот од рерна претходно намастен со путер и обложен со хартија за печење (за полесно да се извади кората). Кората печете ја во загреана рерна на 130 или 150 степени, околу 1-1,5 час без отворање на рерната. Оставете ја да излади, а потоа пресечете на три еднакви делови за да добиете три кори.

За крем: Жолчките изматете ги со шеќерот, додадете брашно и ванилин шеќер. Млекото ставете го на оган да зоврие, намалете на тивко, додадете ја смесата со жолчките и мешајте додека да се згусне.

Внимавајте да не ви загори. Добиениот крем оставете го да излади целосно, а потоа соединете го со пенасто изматениот путер. Посебно изматете ја слатката павлака.

Редење: на дното од тацната за сервирање ставете една кора, потоа премачкајте со крем, па ставете ред сечкани банани (тркалцата претходно можете да ги испрскате со лимонов сок за да не потемнат), па премачкјате со шлаг од слатка павлака.

Повторете ја постапката со следните две кори и овошје по избор. Кај третата кора, кога ќе го наредите овошјето, целата торта премачкајте ја со остатокот од шлагот и украсете по желба.

Фото и рецепт: Елвира Бегзо Бесиќ

Loading...