Торта “Бела Магија” – рецепт

Потребни состојки:

За пандишпан:

• 15 лажици брашно за колачи од Жито Лукс

• 5 јајца

• 15 лажици шеќер

• 15 лажици масло

• 15 лажици млеко

• 1 кесичка ванилин шеќер

За фил:

• 250 мл слатка павлака

• 1 кесичка желатин

• 1 лажичка екстракт од ванила

• 200 г јагоди

Подготовка:

Се матат заедно јајцата, шеќерот и ванилата.

Се додава маслото и млекото и сè убаво се мати додека да се добие хомогена смеса.

Се додава брашното и повторно се меша.

Вака подготвената смеса се става во кружен плех со механизам, обложен со хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 200 °С, 30 минути или додека тестото да добие светлокафеава боја.

За филот, се мати слатката павлака и се додава екстрактот од ванила. Желатинот се подготвува според упатството на кесичката и се додава во изматената слатка павлака.

Пандишпанот се вади од механизмот и се сече на половина по средината. Долниот дел се враќа назад во плехот. Од страните се редат јагодите исечени на половина.

Се додава филот и се поклопува со втората кора од пандишпан. Одозгора се премачкува со остатокот од филот.

Вака подготвената торта се става во фрижидер за да се стегне. Пред послужување се декорира по желба.

Претходна статијаФармацевтите изненадени: Домашен крем кој ги брише брчките и бубулиците како со гумичка!
Следна статијаДомашни лепињи подобри од пекара, а готови за 10 мин! Само 3 состојки ви се потребни