Титов колач: Десерт со чоколадо и ореви

Фантастичен колач преполн со ореви и чоколадо. Се нарекува Титов колач или Титова торта, веројатно затоа што бил негов омилен колач. Лесно се приготвува и има преубав вкус.

Потребни состојки:

4 јајца на собна температура
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
100 г мелени ореви или лешници
5 супени лажици сварено и изладено црно кафе
5 полни лажици брашно
1 прашок за печиво
3 лажици масло
се пече на 180 степени, 30 минути

за фил 1:

400 мл млеко
5 полни лажици брашно
2 жолчки

за фил 2:

Loading...

200 г маргарин/путер
10 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
100 г растопено чоколадо
3 лажички ореви

Постапка:

Рерната загрејте на 180 степени. Одвојте ги белките и жолчките. Белките пенасто изматете ги со миксер, па постепено додавајте 100 г шеќер. Миксајте додека тој да се растопи и да добиете цврст снег.

Жолчките изматете ги со 100 г шеќер и ванила додека да побелат. Додадете масло, изматете, па додадете го кафето и повторно промешајте. Измешајте ги посебно сувите состојки: брашно, прашок за печиво и ореви, па додадете ги во смесата. Изматете со миксер додека убаво да се соединат состојките.

Во оваа смеса внимателно додадете го снегот од белки и промешајте со лажица или шпатула, внимавајќи да остане воздушеста.

Добиената смеса за бисквит излејте ја во тркалезен калап (26 или 28 см) или правоаголен плех со димензии 33х20 см, претходно обложен со хартија. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Печениот биксвит оставете го целосно да излади пред да го нанесете филот.

Фил: Во млекото (400 мл) додадете 2 жолчки и 5 лажици брашно, па изматете со миксер за да нема грутчиња, па сварете го кремот на тивок оган. Оставете го на страна да излади.

Путерот изматете го пенасто со шеќер и ванила, а потоа во него додадете растопено чоколадо. Измиксајте го изладениот крем па постепено соединете го чоколадниот фил. На крај додадете 3 лажички мелени лешници и ореви. Оставете го филот да излади.

Врз изладениот бисквити нанесете го изладениот фил, а одозгора изрендајте чоколадо и наросете мелени ореви. Оставете го добро да излади, па послужете. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...