Според Националниот Институт за здравје во САД, просечниот дневен внес на јагленохидрати кој му обезбедува нутритивни потреби на организмот изнесува 130 г, односно 500 kcal. Со други зборови, за да останеме во добра форма, не би требало да ја прекорачиме оваа доза.

Меѓутоа, секој од нас има различен метаболизам. Некои можат да јадат повеќе од нормата и да не се дебелеат, а на други им е доволно да поминат покрај торта и да станат подебели. За што станува збор?

Поради ваквите случаи осмислен е таканаречениот КРЕКЕР ТЕСТ. Автор на овој тест е генетичарот и доктор по медицина Шарон Моалем. Според неговите зборови, ова е најлесниот начин да дознаете колку добро вашето тело ги вари јаглените хидрати, па според тоа, колку и со која брзина треба да јадете во зависност од вашата генетика.

Потребни ви се само несолени крекери и штоперица.

мерење на брзина на метаболизам

Пред да започнете обидете се да ја исполните устата со што повеќе плунки. Потоа земете крекер, забележете го времето и започнете со џвакање. Џвакајте се додека крекерот да го промени вкусот и да стане сладок. Обратете внимание на времето. Ако вкусот на крекерот не се променил после 30 секунди од почетокот на џвакањето, тогаш прекинете го тестот.

Времето од почетокот на џвакањето до моментот кога вкусот се променил говори за брзината на вашиот метаболизам:

0-14 секунди – ЦЕЛОСНО

15-30 секунди – УМЕРЕНО

Повеќе од 30 секунди – ОГРАНИЧЕНО

Што значат овие резултати и зошто вкусот се променил?

Научникот објаснува дека варењето започнува многу пред храната да доспее во желудникот. Нашата плунка содржи ензим амилаза кој ги разградува сложените молекули на скробот во едноставни шеќери (па поради тоа вкусот на крекерот се менува во сладок). Кај некои луѓе концентрацијата на амилаза е и до 50 пати поголема од просечната, додека другите речиси и ја немаат.

Резултатите во првиод ред (0-14 секунди) укажуваат на висока концентрација на амилаза во устата. Лицето кое има такви показатели може да изеде повеќекратна норма (повеќе од 130 грама јаглени хидрати на ден) и да не здебели.

Резултат од 30 секунди или повеќе укажува на ниска концентрација на амилаза, што значи дека треба да се воздржувате од јаглени хидрати (треба придржување на нормата), инаку е неизбежно дека ќе дојде до непотребно зголемување на телесната тежина.

мерење на брзина на метаболизам