Јајцата од јапонска препелица потекнуваат од источна Азија и претставуваат природен лек за разни болести во човековиот организам.

Лековитите јајца од јапонска препелица содржат многу витамини и минерали, а меѓу нив издвојуваме: 0,5 мг калциум; 2,2 мг фосфор; 3,8 мг железо; 3 мг витамин А; 0,1 мг витамин Б1 и 0,8 мг витамин Б2.

Едно јајце од препелица во себе содржи: 74,6% вода; 13,1% белковини; 11,2 % масти и 1,1 % минерали и останати ензими.

Јајцата од јапонска препелица успешно се употребуваат во лекувањето на многу болести па ќе споменеме дека се добри за лекување на висок крвен притисок, бронхијална астма, мигрена, зголемен холестерол, дијабетес, чир на желудникот и дванаесетпалечно, последици од срцев инфаркт, анемија и запушени крвни садови.

Јајцата од јапонска препелица се препорачуваат и за деца во развој и деца кои имаат послаб апетит. Исто така, им се препорачуваат на луѓе за закрепнување после тешка болест или операција. Искуствата на многумина говорат дека овие јајца навистина имаат позитивно влијание и врз потенцијата кај мажите.

Болести кај кои се препорачува консумирање на лековитите јајца од јапонска препелица, како и нивниот потребен број, се:

1080 парчиња јајца за лекување на тумор на мозок;

1080 парчиња јајца за зголемен физички напор на кој лицето е изложено

240 парчиња јајца за лекување на туберколоза,

240 парчиња јајца за лекување на последици од срцев удар,

240 парчиња јајца за разубавување на тенот,

240 парчиња јајца за лекување на гастритис,

240 парчиња јајцаза лекување на потежок облик на астма,

240 парчиња јајца за лекување на бронхијална астма,

240 парчиња јајца за лекување на мигрена,

240 парчиња јајца за лекување на артериосклероза,

240 парчиња јајца за лекување на зголемен холестерол,

240 парчиња јајца за регенерирање на организмот,

240 парчиња јајца за лекување на дијабетес,

240 парчиња јајца за лекување на нервни болести,

240 парчиња јајца за лекување на анемија,

240 парчиња јајца за подобро памтење,

240 парчиња јајца за закрепнување после операција,

120 парчиња јајца за лекување на висок крвен притисок,

120 парчиња јајца за лекување на чир на желудникот,

120 парчиња јајца за подобрување на крвта и

120 парчиња јајца за нередовно празнење на цревата.

Лекувањето со јајца од препелица е едноставно, потребно е да се јадат сирови, односно да се испие содржината од јајцето.

Пациентот ако има некоја од горе наведените болести треба, зависно од болеста, да испие во одреден временски интервал, онолку јајца од препелица колку што е предвидено за таа болест (од 120 до 1080 парчиња). Во најголем број случаи терапијата со јајца трае околу 49 дена.

Деца постари од 10 години и возрасни: консумираат по 3 јајца во првите 3 дена, а по 5 јајца до крајот на терапијата.

На пример: за подобрување на крвната слика:

1.ДЕН: 3 јајца

2.ДЕН: 3 јајца

3.ДЕН: 3 јајца

4.ДЕН: 5 јајца

5.ДЕН: 5 јајца

6.ДЕН: 5 јајца

7.ДЕН: 5 јајца, и така натаму до крајот на терапијата:

8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 i 25.ДЕН по 5 јајца

и тогаш

26.ПОСЛЕДЕН ДЕН се зема оној остаток од јајца до вкупниот број од 120 парчиња потребни за терапија, а тоа значи дека 26.ДЕН ќе се испие само уште она едно лековито јајце кое преостанало.

Тоа би значело успешна спроведена терапија за подобрување на крвната слика.

Деца до 3 години – по 2 јајца дневно (со консултација од матичен лекар)

Деца од 3 до 5 години – по 3 јајца дневно

Деца од 5 до 10 години – по 4 јајца дневно

Јајцата се пијат сирови и тоа: целодневната доза одеднаш, секое утро на половина час пред јадење, односно половина час пред појадок и тоа на празен стомак.

Оние кои се чувствителни на белковини, првите неколку дена треба да започнат со по едно јајце, па постепено да ја зголемуваат дозата по 1 јајце, а најмногу што смеат да се земат вакви јајца се 3-4 парчиња. Тоа е целодневната доза, и не смее повеќе од тоа. Во случај на неповолни реакции, веднаш да се прекине терапијата.

Терапијата може да се спроведува најмногу двапати годишно.

Јајцата од препелица се чуваат во фрижидер, затворени во кутија на температура од 1 до 4 степени. Вака чуваните јајца имаат рок до 60 дена за консумирање во сирова состојба, и уште 60 дена потоа ако се термички се приготвуваат.

Ако ваквите јајца ги користиме за лек, тие не смеат да бидат постари од 30 дена, бидејќи до тој период имаат најголема лековита моќ. Исто така, многу е важно во текот на терапијата, болниот да не консумира никаков алкохол. Во случај на проблем со жолчката и можна алергија на белковини, потребно е да се посоветувате со вашиот матичен лекар.

Јајцата од јапонска препелица имаат тврда лушпа па потребно е да си помогнеме со врвот од ножот.

Модерната медицина ја потврдува лековитоста на јајцата од препелица, која е позната со години. Најголемо внимание и испитувања се направени во САД, Германија, Јапонија, Италија и Русија.

Овие јајца се диетална храна која содржи биолошки активни состојки. Овие јајца се богати со многу витамини, минерали и есенцијални аминокиселини. Во себе содржат 5 пати повеќе фосфор, 8 пати повеќе железо, 6 пати повеќе витамин Б1 и 15 пати повеќе витамин Б2 од обичните, домашни кокошки.

Според својата хранлива вредност, едно јајце од јапонска препелица може да замени 5 јајца од домашна кокошка.

Пред започнување на терапијата, задолжително консултирајте се со вашиот лекар и информирајате се доколку примате медикаменти со кои е забрането внесување на белковини.