Татко ми го правеше овој колач за 15 минути, без печење! Со гриз, бисквити и пудинг

Потребни состојки:

1 литар млеко

7 лажици шеќер

4 белки

8 лажици гриз

За пудинг:

1 литар млеко

2 пудинг од ванила

8 лажици шеќер

4 жолчки

2 шлаг пена

Малини

Бисквити

Постапка:

Наредете ги бисквитите на дното од калапот.

Прво сварете го кремот од гриз во еден литар млеко со шеќер, па во топлиот гриз полека додадете ги измиксаните белки во цврст снег. Прелијте врз наредените бисквити. Одозгора боцнете малини.

Пудингот сварете го со жолчките па прелијте го преку гризот и малините.

Шлагот изматете го според упатството на кесичките и премачкајте го колачот одозгора.

Претходна статијаЛЕЊА (мрзлива) БАКЛАВА: сите состојки се мешаат, се пече 30 минути и се прелива со шербет
Следна статијаНишто не вложувате, а го добивате омиленото овошје без пестициди: садење во чаша е апсолутен хит!