Пет свекрви со своето готвачко искуство, 5 снаи во желба да се докажат и пет младоженци кои одлучуваат кој ќе победи. Нивните јадења ќе ги оценуваат преостанатите мајки и снаи, но и водителите.

Оваа недела свекрви беа: Соња, Јадранка, Марија, Верица и Драгана, а снаи: Сања, Габриела, Ивана, марина и Милена.

Мајка ми е супер, ама жена ми подобро готви

Сите ја очекуваа пресудата на Владимир, третиот член на нивниот тим. Тој имаше задача да ги вкуси двете јадења, да погоди која од нив двете го приготвила и да одбере кое од тие две јадења е подобро. Владимир прво го проба јадењето кое го приготвила неговата сопруга при што неколкупати се намурти, но сепак даде позитивен коментар.

„Што и да е ова, убаво е. Одлично е ова. Мислам дека знам чиво е ова јадење, ама ќе видиме. Ова лево ми е повкусно и тоа го направила мојата сопруга Сања, а десната чинија е на мајка ми. Доста сум сигурен. Мајка ми е супер, нема да ми се налути“, рече Владимир и додаде: „Важно е што тие двете убаво се забавуваат“

„Среќна сум што го го одбра моето јадење, јас го хранам“, рече Сања низ насмевка, но нејзината свекрва не се налути затоа што нејзиниот син не го одбра нејзиното јадење.

Снаите го оценуваат јадењето на Сања

Ивана: „Ми се допадна ова јадење и мојата оцена е 8. Месото и компирот се така-така, но пресуди тартар сосот“, „Мене ми се допадна шницлата, салатата беше слабо зачинета, оцена 7“, додаде Габриела. „Месото е супер сочно, не е масно. Компирот само малку се распадна. Нека биде 8“.

Милена даде оцена 8. „Мене сè ми се допадна и месото и тартар, само салатата некако сè ми расипа“, рече таа. „Нашата вкупна оцена е осум“, едногласни беа снаите.

Мајките коментираат и го оценуваат јадењето на Соња

“Компирот и сосот се одлични, ми се допаѓа како зготвила. Добива оцена 7”, рече една од мајките. “Компир салатата е превкусна, само што компирот треба да биде малку поцврст. Тартар сосот е преубав. А шницлата ми е сува. Јас давам оцена шест, тоа е моето мислење“, прокоментира Драгана.

Јадранка имаше замерка за компирот. „Шницлата е супер, убаво е испечена, малку реш. Сосот исто е добар. Компирот е малку преварен, но нема да и‘ замеруваме на госпоѓата, беше супер. Давам осум“, Верица исто така рече дека и се допаѓа компирот, но даде седум. „Крајната оцена е седум“, се сложија свекрвите.

Раша и Сека ја започнаа дегустацијата на храната која ја приготвија Соња и Сања.
„Декорацијата е убава. Презлата е крцкава. Пирето компир е баш убаво, но не е солено“, искоментира Сека.

„Ние го пробавме јадењето, а нашата оцена ќе ја дознаете во петок“, рече Раша. Мајката и снаата го довршуваат јадењето. Со оглед на тоа дека натпреварувачките имаат само 60 минути за да го приготват јадењето, и обете покажаа дека се искусни во кујната.

Во текот на готвењето тие разговараа и дадоа совети за совршен брак. „Треба да имате исти интереси, исти работи да сакате и исто да размислувате“, рече Сања.

Почеток на готвењето

Соња и Сања започнаа да го подготвуваат јадењето, а на самиот почеток се забележа разликата во начинот на подготовката.

„Мислам дека Сања готви многу, многу подобро од мене. Тоа е вистината. Јас сум аматер, а таа далеку подобро готви од мене. Сања ужива да подготвува храна и не би се лутела ако некој постојано ми готви, наместо мене“, призна свекрвата.

Свекрвата и снаата одат заедно на пазарење

Тие двете имаат само две минути време за да ги купат потребните намирници за јадењето кое го извлекле. За секоја заборавена намирница ќе им бидат одземени по 2 минути од готвењето.

Сепак, и двете навремено успеаја да ги земат сите потребни продукти. Тие воедно покажаа и колку се снаодливи, со оглед на тоа за дека за кратко време ги набавија сите потребштини.

Извлекување на јадењето

Натпреварувачките добиваат пет коверти во кое се називите на јадењата, а Сања оваа задача и ја препушти на свекрвата. Соња го извлече следнто јадење: бечка шницла, компир салата и тартар сос.

„Ова е лесно, фала му на Бога, мојот сопруг го обожава ова јадење“, искоментира снаата.

Запознајте го семејството Батлак

Владимир, Сања и Соња го скршија мразот во шоуто “Мајки и снаи”. Тие двете ги вкрстија лажиците и го отворија најголемото кулинарско шоу во Србија. Сања и Владимир се запознале во Грција, каде што таа имала ресторан, а на самиот почеток истакна дека патот до машкото срце иде преку стомакот.

“Соња и јас сме најдобри пријателки. Тој доаѓаше кај мене и купуваше плескавици. Ги навлеков на мојата храна. Се запознавме во Грција, но јас се грижиев за него и пред да стапиме во врска“, објасни Сања.

„Пред сè ние сме најдобри пријателки“, додаде и свекрвата. „Прави многу убав специјалитет од пилешко, а мамините ловечки шницли најмногу ги сакам“, рече сопругот на Сања.

Сека и Раша ги претставуваат мајките и снаите.

„Ние овде квалитетно ќе јадеме. Тоа е загарантирано, но колку натпреварувачите ќе готват квалитетно, тоа не зависи од нас“, рече Раша, а потоа Сека ги претстави натпреварувачките кои учествуваа во ова шоу.

„Снаите се: Габриела, Ивана, Марина и Милена, додека готвеше Сања. Мајки и оваа недела жири: Јадранка, Марија, Верица и Драгана, додека готвеше г-ѓа Соња.
Награди за победниците

На самиот почеток Сека Алексиќ и Раша Влачиќ, ги прочитаа наградите кои ќе ги освои семејството во овој натпревар. “Нашите семејства се борат за награда од 3,4 милиони динари и главната награда, семејна куќа. Нашите победници ќе добијат удобна монтажна викендица на локација по нивна желба.

Освен неделникот и дневните награди. Победниците на денот добиваат ваучер од 10.000 динари, додека семејството кое ќр ја земе неделната победа ги очекува ваучер во износ од 100.000 динари”, објаснија тие.