ЗОШТО СТРАДААТ НЕ3ЛОБЛИВИТЕ ДЕЦА (Бидејќи родителите паднале во безбројни гревови…) – Св. Нифонт
Слушајќи го тој одговор на светителот, Григориј негодуваше:
-Ho jac, оче, видов многу бебиња како лежат долго во постела и се мачат од страшните болести. Зар и тие простодушни дечиња имаат гордост, па затоа Бог ги собори кога се воздигнаа, како што рече? Што да мислиме за тоа?
– Бидејќи родителите паднале во безбројни гревови, казнувани се нивните деца, така тие да се освестат од гревовите и да се покајат.
– Ho, добро – забележа Григориј – праведно ли е да страдаат недолжните созданија поради туѓите гревови?
– Тие овде секако страдаат поради отпадништвото и гревовите на своите родители, но во идниот живот ќе стекнат венци и вечна слава. Тогаш на секого ќе му биде судено според делата негови, иако сега од една или друга причина, подруго се устроени Божјите судови.
Гледаш, некој греши, а Бог му ги уништува лозјата и нивите. Ако нема покајание, ќе му ја погуби и стоката. Ако ни така не ги познае своите беззаконија, Бог ќе му ги усмрти децата, кои, нормално, за ништо не се виновни.
Но на тие начини Бог ги буди луѓето што се гушат во земните грижи и воопшто не мислат на својата душа. Ним не им паѓа на ум дека можеби се грешни и им треба покајание.
Дење и ноќе тие се занимаваат co земните работи, непрестано паѓаат во нови гревови, а за сопствената душа не се грижат. Затоа Бог удира на многу невини, давајќи им венци поради тоа што ги бие и ги буди останатите од смртоносната духовна зачмаеност.
Оние што ни така не се соземаат, ќе бидат совршено недостојни за оправдание на Судниот ден.
Григориј се восхити на просветлениот одговор од светителот. Бидејќи, како што подоцна раскажуваше, многумина слушал да зборуваат за тоа обидувајќи се да го решат тоа прашање, но никој не го задоволил co одговорот.
Навистина, чесен оче – викна тој co восхитување – Духот Божји проговори co твоите усни.
– He сакајќи да те разжалости поради твојата добра произволеност – смирено одговори блажениот – Бог ме просветли да ти го кажам тоа што го слушна. He затоа што jac нешто вредам, туку затоа што ти, кој праша, си добар и полн co доблести.
– Сакан слуго Божји – воскликна Григориј – навистина си Нифонт (трезвен, бодар) и co име и co дело!
Бидејќи како трезвен ум кој високо лета, ја примаш благодатта на Светиот Дух и даваш изобилна божествена светлина на оние што се наоѓаат во темнината на незнаењето…
Пренесено од книгата “Свети Нифонт – Подвижник меѓу епископите”
ПРИЧИНА ЗА НЕВОЛЈИТЕ
Bo тоа време на земјата дојде страшен помор. Луѓето умираа одеднаш и во страшни маки.
Еден пријател на светителот по име Григориј дојде во неговата ќелија и го запраша:
– Те молам, оче, кажи како се случи тоа да не’ снајде ова зло?
– Тоа е природно, дете мое – му одговори праведникот без двоумење. – Ние толку многу го огорчивме бесмртниот Бог, престапувајќи го непрестајно Неговиот закон, што Тој ни го испрати овој срп за да не’ пожнее.
Напишано е дека гревот ја предизвикува смртта. Ете, вчера видов еден страшен маж како и’ се заканува на земјата и и’ зборува:
„Сите распуштени што живеат на тебе, сите пијаници и стомакоугодници, сите среброљупци и лихвари, сите измамници и клеветници, но најпрвин сите содомци што не се каат ќе ги погубам!”
– Значи чедо мое, да не го разгневевме Творецот и својот заштитник, немаше да не’ снајде ова. Но да слушнеше колку полоши зборови тој изрече, не би издржал…
Се закануваше дека ќе не’ пожнее co српот и ќе не’ искасапи co меч, бидејќи воопшто не гледа дека имаме покајание, ниту дека ни најмалку се поправаме. Прославената Негова Мајка стоеше кај Hero тажна и Го молеше да ја одложи казната. Истото тоа го правеше и некој jepapx, но не можев да дознаам кој, се сеќавам само дека беше co бели влакна и малку проќелав. Но залудно.
„Да не сте вие, можеби, помилостиви од Мене? Повеќе да не ве боли вас… Зар не гледате какво зло се случува? Речиси сите го презираат Мојот свет закон! Никој не Me почитува!”
– Навистина, оче – рече Григориј – народот е десеткуван. Многумина од нив се мачат на постелата co болки. Туку, кажи ми која е главната причина за овој помор, но и за сите болести, воопшто?
– Чедо мое Григорије – му одговори старецот – за оние што тешко се разболуваат напишано е:
Ги понизи кога се возгордееја – а за здравите луѓе кои имаат доблести, пишува:
Он ги исцелува скрушените по срце. Слушаш ли? Скрушените по срце!
Смирените, значи!
Помисли, ако Бог не се сожалил ни на апостолот Павле, големиот светилник, туку му дал неисцелива болест, ангел сатанин да го боцка no лицето, па така да не се гордее поради мноштвото откровенија што му се случиле, како нема да му даде власт на сатаната да удира co болест и на нас грешните, се’ додека не се смириме?
Бидејќи не е доволно тоа што сме грешни, туку уште и се гордееме. A еве што вели Писмото:
Она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост.
Пренесено од книгата “Свети Нифонт – Подвижник меѓу епископите”