Многу вкусно и меко печиво како памук, а тајната е во убавиот сооднос на состојки во тестото. Брзо и без чекање на тестото да стаса, овие меки печива се топат во уста. Веднаш штом ќе ги направам, моето семејство веднаш посегнува по нив бидејќи се многу меки однатре и имаат неверојатен вкус.




Оттогаш постојано ми бараат да им ги правам, но мене воопшто не ми е тешко бидејќи се подготвуваат навистина брзо. Без чекање, само тестото се замесува и се става на печење. Солени печива, без квасец.. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 варени јајца, 200 г путер/маргарин, 150 г сирење, половина лажичка сол (ставете повеќе доколку сирењето не е доволно солено), околу 200 г брашно, 2 мали лажички прашок за печиво, сусам и уште 1 јајце за премачкување.




ПОСТАПКА: Сварете ги двете јајца во зовриена вода околу 5-6 минути. Потоа оставете да се изладат малку (најдобро во студена вода со коцки мраз), па излупете ги и изрендајте ги во подлабок сад. Додајте го путерот или маргаринот кој претходно сте го оставиле да омекне на собна температура.




Потоа додајте го сирењето, посолете по вкус и соединете сè со виљушка. Додајте го брашното заедно со прашокот за печиво и почнете да го замесувате тестото. Иако ова не е класично тесто, на почетокот при замесувањето ќе биде малку ронливо, но кога ќе го префрлите на работна површина и ќе го дорабоите, ќе се соедини цело и ќе биде многу меко.




Овие печива може да стојат и по неколку дена, не се расипуваат и подеднакво се вкусни и додека се ладни. Од оваа смеса излегуваат многу печива, па доколку ви се премногу можете да го замрзнете тестото и кога ќе сакате да ги направите само развлекувате, формирате и ставате на печење.




Исто така може да ги замрзнете и откога ќе ги испечете, па кога ќе ви се пријаде загрејте ги малку во рерна. Кога ќе го замесите тестото, префрлете го на рамна, набрашнета површина и развлечете го со оклагија со дебелина од половина прст. Потоа земете една чашка за ракија и вадете крукчиња.




Исто така можете и да го развлечете тестото во правоаголник и да пресечете мали коцки или правоаголници. Јас правам и кругови и правоаголници со тестото што ќе ми остане за да имам разновидни печива и да не го фрлам остатокот од тестото.




Потоа печивата редете ги на плех обложен со хартија за печење. Може да ги редите едно до друго бидејќи нема многу да нараснат како нормалното тесто со квасец. Во помал сад изматете го јајцето и добро премачкајте го секое печиво, па наросете со сусам или некои други семки по избор.




Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени и за тоа време тестото ќе отстои малку на плехот. Кога рерната ќе се загрее, печете ги соленките околу 20-тина минути во зависност од јачината на рерната.

Готови се кога ќе заруменат на површината, а релативно брзо се печат бидејќи се тенки и мали. Послужете ги веднаш како оброк или закуска. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.