Од самата помисла дека треба да седнете во врел автомобил кој цел ден поминал на сонце – ви се паѓа во несвест, зар не? Со овие три едноставни трикчиња ќе го разладите во рок од 10 секунди!

Чувствителните лица или оние со хронични болести ризикуваат буквално, а не само фигуративно паѓање во несвест поради влагање во врела „печка“, односно во автомобил чија внатрешност има температура и преку 50 степени.

Иако повеќето автомобили денес имаат клима уреди, сепак, од моментот на нивно вклучување па до разладувањето на самиот автомобил потребно е време за постигнување на барем подносливо ниво. Но, што да се направи дотогаш, ако немате време за чекање?

Секако, интернетот нуди одговор и на ова прашање, а триковите кои можат да помогнат се многу едноставни.

За да не се изгорите на воланот кој со часови бил изложен на сончева топлина, кога ќе го паркирате автомобилот, свртете така да делот кој подоцна прво ќе го фатите да биде од долната страна, а не директно на сонце. Секако, уште подобро ако имате сенка, а ќе помогне и вода. Доволно е со мокра крпа да го пребришете врелиот волан – водата веднаш ќе испари, но ќе ја спушти температурата и тоа за неколку степени.

Менувачот прекријте со било каква ткаенина, а автомобилот разладете го со спуштање на прозорите од сoвозачката страна и со нагло отворање и затворање на вратата на возачот, како што е покажано на видеото.

Пожелно е на седиштата да ставите некој памучен материјал. Полесно е да за седнување на врелото седиште.