Толку е добар ролатот што сите ќе ве прашаат за рецептот – царски солен ролат, омилен на сите прослави. Толку многу е вкусен и декоративен овој ролат, па верувам дека овој рецепт ќе ви послужи за претстојните празниците кои се ближат.

Едноставна, брза и лесна подготовка. Пробајте сами и верувам дека вашето семејство ќе биде среќно и воодушевено од овој рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
100 мл масло
100 мл јогурт
200 г сирење
100 г ситно сечкан спанаќ
малку сол
7 листови готови кори

Печете на 200°C (390°F) 15 минути
Покријте со влажна крпа за да омекне и полесно да се завитка ролатот

За филот ви е потребно:

3 супени лажици крем сирење
150-200 г кисела павлака
200 г шунка сечена на тенки листови

ПОСТАПКА: Пенасто изматете три јајца додека убаво да запенат. Додајте 100 мл масло, 100, 100 мл јогурт, 200 г ситно/свежо сирење по избор, како и 100 г многу ситно исечкан спанаќ.

Посолете со прстофат сол и промешајте. Тргнете ја смесата настрана и отворете ги корите. потребни ви се седум кори за пита. Плехот со димензии 45х33 см (или приближно) намастете го и обложете го со хартија.

Поставете една кора во плехот и распоредете фил преку целата површина. Постапката продолжете ја додека да го потрошите материјалот. Врз последната кора исто така, ставете фил.

Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени, па кога ќе ја постигне температурата ставете да се пече само 15 минути. Кога е печена, кората покријте ја влажна крпа за да може да омекне и подоцна полесно да се витка.

Поставете парче хартија одозгора и полека свиткајте ја сосе крпата и оставете така да се олади. За тоа време пригответе го филот: во еден сад ставете 3 лажици крем сирење (филаделфија или по ваш избор). Додајте 150-200 г кисела павлака и промешајте.

Кога кората ќе се олади, одвиткајте ја од крпата, па преку цела површина премачкјате ја со мешавината од крем сирење и павлака. Наредете тенки листови шунка по избор (приближно 200 г).

Внимателно свиткајте го ролатот, а потоа свиткајте го во фолија и оставете го неколку часа да се стегне во фрижидер, или најдобро преку цела ноќ. Потоа многу убаво се сече на парчиња и делува многу декоративно. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.