За сува и масна коса без сјај, ќе ве воодушеви, јас го користам рецептов веќе долго време!

Потребни состојки:

1 желатин, се приготвува според упатството

500 мл чај од бреза, 3-4 лажици сув лист од бреза

1 жолчка од јајце

За оние кои имаат исклучително тенка коса, најдобро е желатинот да го комбинираат со чај од корен од чичок, лист од бреза, лист и корен од коприва.

Постапка:

Кога ќе ја пробате маската од желатин, ќе видите дека после неа нема потреба од шампонирање зошто дава мазна, сјајна и мека коса.

Се вари чај од бреза, околу половина литар: во врела вода се става сувата билка, се поклопува, се остава да излади до млако, околу 10-15 минути, па се процедува.

Оние со слабо и тенко влакно нека користат чај од мешавина: чичок, бреза и коприва.

Во млакиот чај се додава желатинот (инстант или желатин во прав). Оставете да набубри, па потоа постепено се додава жолчката постојано мешајќи за да се изедначи.

Оваа смеса всушност се користи наместо шампон, односно со оваа смеса се мие косата. Ако имате време оставете ја да делува барем 10-тина минути, па дури потоа измијте ја. Но, ќе делува и само доколку убаво ја истриете и исплакнете.

Ова е колаген во најчист облик, па затоа делува на косата и кожата.

Јас лично го користам 2-3 пати седмично, имам коса со средна должина, а сето што ќе ми остане го чувам во фрижидер, до следното користење.

Потоа приготвувам следна доза.