Home Супи и чорби Супа за чистење на дебелото црево, вкусна и многу ефикасна

Супа за чистење на дебелото црево, вкусна и многу ефикасна

Супа за чистење на дебелото црево

Овој стар и природен рецепт е едноставен, но исклучително ефикасен начин за забрзување на метаболизмот и чистење на дебелото црево.

Подготвен од внимателно одбрани состојки, ова јадење не само што е вкусно, туку и помага во брзо и природно детоксифицирање на организмот.

Идеален е за ситуации кога е потребно итно чистење на телото, особено по консумирање на храна со сомнителен квалитет, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1/2 главица цвекло
– 1 голем домат
– 2 големи моркови
– 2 чешниња лук
– 1/2 чаша топла вода
– НМД

Постапка:

1. Исчистете ги сите состојки темелно под млаз вода.
2. Исечете ги цвеклото, доматот, морковите и лукот на мали коцки.

3. Ставете ги исечените состојки во блендер и додајте половина чаша топла вода.
4. Блендирајте додека смесата стане хомогена.

5. Префрлете ја смесата во сад и лесно загрејте ја на ниска температура, без да ја варите.
6. Консумирајте ја супата додека е топла.

Напомена:

Оваа супа делува брзо, стимулирајќи го празнењето на цревата во рок од 40 минути по консумирањето.

Затоа, се препорачува да се јаде во домашни услови, во мирна атмосфера, за да се избегнат непријатни ситуации.

Овој рецепт е особено корисен доколку сте консумирале храна што можеби била расипана и сакате брзо да го исчистите организмот.