ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за сируп: 700 г шеќер, 1 литар вода. Од моментот на зовривање се вари 10 минути на умерена температура. Се трга од оган и се додава сок од еден лимон, се промешува и се остава да се олади.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за пандишпан: 10 јајца, 10 супени лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 11 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво
ПОСТАПКА: Одвојте ги белките од жолчките во различни садови. Белките пенасто изматете ги со миксер па постепено додајте 10 лажици шеќер и ванила. Матете со најголема брзина на миксерот додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите.
Потоа започнете да ги додавате жолчките една по една. Матете додека да се соеди ни во снегот, па додајте ја следната жолчка. Кога ќе ги додадете сите жолчки, смесата треба и натаму да остане кремаста.
Брашното и прашокот за печиво додајте ги просеани, малку по малку додека мешате рачно со лажица или кујнска шпатула. Кога се додаваат сувите состојки повеќе не ви треба миксер, туку се меша бавно за да се сочува пенливоста на смесата.
Намастете тепсија (34 см) и наросете ја со брашно, па излејте ја приготвената смеса и рамномерно распоредете ја. Два-трипати потчукнете ја од маса за да излезат евентуалните воздушни меурчиња.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, а потоа нам алете на 250 степени и продолжете со печење уште 30-35 минути. Не ја отворајте рерната во текот на печењето!
Печениот колач проверете го со чепкалка, па исечете го на коцки. Полека залијте го топлиот колач со оладениот сируп, оставете да го впие и олади. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
Следно прочитајте: „Го барам овој рецепт веќе 5 години! Немам зборови да опишам колку ни се допадна овој сочен колач“ – ОВДЕ.
Го барам овој рецепт веќе 5 години! Немам зборови да опишам колку ни се допадна овој сочен колач