Киселата зелка е природно ферментиран производ кој изобилува со витамини и минерали. Докторите препорачуваат да биде почесто застапена во исхраната, но и без нивните препораки, народот отсекогаш ја киселел за салата и сарми.




Но, освен во исхраната и природната медицина, киселата зелка можела да се користи и за нега на кожата. Веројатно никојпат не би се сетиле да ставите лист кисела зелка врз лицето, како што можеби ставате тркалца краставица, но една жена решила да го испроба ефектот врз својата кожа, како што пишува српскиот Телеграф.




После само 15 минути резултатите биле изненадyвачки видливи, а своето позитивно искуство го раскажала за овој медиум. Општо е познато дека зелката е полна со витамин Ц, бета-каротин, калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар.




Со закиселувањето сите овие витамини и минерали стануваат уште поизразени, бидејќи полесно се апcopбираат. Затоа е важно да ја земате оваа храна бидејќи делува како засилувач на имунолошкиот систем, но и како антиокcиданс. Општо е познато дека и внатрешната и надворешната грижа на организмот е многу важна доколку сакаме да бидеме навистина здрави.




Тоа штотуку го докажала претходно споменатата госпоѓа која добро се информирала за полезностите од ферментираната зелка, па затоа ја искористила за лицето и на тој начин направила еден вид детоксикација на кожата. Маската од кисела зелка ја храни кожата од лице со важни хранливи материи, така што таа станува поеластична, помека и помазна.

mg src=”https://nmd.mk/wp-content/uploads/2022/01/c1.png” alt=”” width=”868″ height=”30″ class=”alignnone size-full wp-image-93052″ />


Како се прави оваа маска?

Издвојте ги листовите од кисела зелка и малку исплакнете ги со ладна вода. Би било добро да ги поткршите листовите на оние места каде има задебелување/корен и жилички, за да можат минералите полесно да допрат до вашата кожа, а токму во овие делови ги има најмногу.




Ставете го листот на сува, претходно измиена кожа и оставете го да делува 10-15 минути. Најдобро би било доколку сте во легната положба. По изминатото време тргнете го листот од лицето.

img src=”https://nmd.mk/wp-content/uploads/2022/01/t1.png” alt=”” width=”868″ height=”30″ class=”alignnone size-full wp-image-93061″ />


Ќе забележите дека е затоплен, а тоа е знак дека порите се отвориле и дека се зголемил крвотокот. Добрата микроциркулација е од особена важност за максимална исхранетост на кожата со сите нутриенти кои ги поседува оваа зимска намирница. Измијте го лицето со млака вода и нежно исушете го.




Како да се прави оваа маска во лето?

Ако не сте во можност да набавите кисела зелка од подобро снабдените пазари и продавници, тогаш не ви преостанува ништо друго, туку сами да се закиселите барем еден лист кој ви е потребен за оваа маска.




Имено, потребни ви се оцет (најдобро јаболкова киселина), вода и сол, како и лист од млада зелка. Во смесата од 200 мл вода, 50 мл оцет и половина лажичка сол, оставете го листот од зелка да преноќи. Следниот ден малку исплакнете го листот и нанесете го на лицето како што е претходно објаснето.