Станува збор за едноставен процес на ставање мраз на лицето со раце или со крпа доколку ви е ладно да ја држите коцката мраз со прстите. Оние кои го пробале велат дека е одличен третман кога станува збор за смирување на воспалителните процеси.
Ставањето коцка мраз на лицето не е ништо ново, но поискусните секогаш советуваат да го пробате овој едноставен третман бидејќи може да ви користи. Овој метод е всушност вид на домашна криотерапија која ги намалува воспалителните процеси на лицето, го измазнува и го враќа тонусот и yбавиот тен на кожата.
На пример доколку имате мозолче, не го cтискајте, туку ставете мраз на него. Многумина велат дека е ефикасно и дека за кратко време воспалението поминува, а во комбинација со некој антисептик, акната побрзо се излекува.
ГО НАМАЛУВА ОТОКОТ. Мacaжата со коцка мраз може да помогне ако имате проблем со темни кругови или вашето лице е отечено. Доколку често имате алергии, мразот ставете го во памучно чисто крпче па со лесни кружни движења поминете по зафатената кожа на лицето.
ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ТЕНОТ. Премногу топлина, особено во летниот период може да доведе до изго-реници и дамки, а познато е дека прекумерното изложување на сонце, исто така, може да предизвика p aк на кожата. После сончањето употребете коцка мраз за да го помиштите штет-ното дејство на УВ зраците.
ЈА ЗГОЛЕМУВА ЛИМФНАТА ДРЕНАЖА. Не само што ќе ги от страни темните кругови, туку и ќе го сми-ри секој оток на кожата на лицето. Со користењето мраз на лицето се сти-мулира лимфната дренажа и на тој начин се исфрла вишокот течност. На овој начин подуеноста видливо се намалува.
ОЧЕКУВАЈТЕ ПОЈАВА НА ЦРВЕНИЛО. Црвенилото е нормално, но доколку вашата кожа е премногу сензитивна, користете памучно крпче, а мразот не го нанесувајте директно на лицето. Студенилото ќе делува контакциски на кр-вните садови, а по некое време ќе се случи дилатација и опуш-тање на капиларите, па поради тоа можно е да се јави и црвенило.
Иако мразот може многу да помогне, водата исто така може да ја исуши кожата. Поради оваа причина, паметно е веднаш после третманот да нанесете хидрантен крем што ќе обезбеди влага на кожата од лицето.
Ако неодамна сте правеле некоја лаcepска опера-ција, хемиски пилинг или каков било зафат, потребно е да се конcyлтирате со лекар пред да користите мраз како криотерапија. Во овој период кожата прво треба сама да заздрави.
Можете едноставно да завиткате коцки мраз во тенка крпа или марамче и да го нанесете на лицето. Не нанесувајте мраз на вашата кожа повеќе од еднаш дневно. Ако имате чувствителна кожа, не нанесувајте коцки мраз директно на лицето. Коцката мраз потребно е да се задржи 30 секунди до 1 минута, а со поместување да ги опфатите сите делови на лицето.
Бидете внимателни додека нанесувате коцка мраз околу пределот на очите. Исто така, не триј-те премногу под очите бидејќи оваа област е чувствителна. Секогаш маcиpајте и вт-ријте го мразот со мали кружни движења за најдобри резултати.