Ставете 2 лимони во рерна и оставете ја подотворена вратата преку ноќ – генијален метод кој ќе ве воодушеви

Лимонот има широко употреба во секојдневниот живот, но не секој ги знае сите негови употреби. Тој навистина може да се употребува од неговата основна примена како намирница за готвење до задолжителен дел од рутината за разубавување.

Ова овошје може многу да го подобри нашето здравје доколку секојдневно се користи во исхраната, но исто така, може да биде и многу корисно во домаќинството.

Лимоните се најпопуларните цитрусни овошки, заедно со лиметите, мандарините и портокалите. Тие најчесто се користат во периодот на сезонските грипови и тоа со добра причина.

Луѓето искуствено увиделе дека цитрусните овошки помагаат при вакви состојби, односно при превенирање и полесно пребродување на настинките. Пред сè, тоа се должи на големата концентрација достапен витамин Ц во лимоните, односно на неговото позитивно дејство врз имунитетот.

I Лимоните придонесуваат за посилен имунитет

Како што претходно веќе споменавме, постои добра причина зошто нашите мајки и баби ни давале мед и лимон кога сме биле настинати. Витаминот Ц има значајна улога за имунолошкиот систем, со што значително се намалуваат симптомите и времетраењето на болеста. Студиите покажуваат дека сличен ефект лимоните имаат и на инфекциите од вирусите, како инфлуенца.

II Корисни при анемија

Слабокрвноста или уште наречена и анемија, претставува состојба при која телото нема или не продуцира доволно еритроцити (црвени кр-вни клетки). Најчестата причина за ваквата состојба е дефицитот на железото.

Лимоните содржат мала количина на железо, но можат да помогнат на друг начин. Имено, истражувањата покажуваат дека витаминот Ц може значително да помогне во подобрата апсорпција на железото во организмот.

Така, кога јадете храна богата со железо, добро е да ја комбинирате со храна богата со витаминот Ц, како што е лимонот.

III Лимоните можат да превенираат камчиња во бубрезите

Истражувањата потврдуваат дека лимонската киселина која се содржи во солидни количества во лимоните (но и во портокалите, дињите итн), може да превенира од формирање на камчиња во бубрезите. Пиењето на само половина чаша лимонада или неколку чаши вода со лимон, може да придонесе за значително зголемување на цитратните нивоа во урината, без притоа да бидат покачени оксалатните.

IV Лимоните се добри за дигестијата

Поголемиот дел од јаглехидратниот состав на лимоните го заземаат растворливите растителни влакна, во форма на пектин.

Ваквиот тип растителни влакна се познати по тоа што ја успоруваат дигестијата, што помага за одржување на стабилни нивоа на шеќер во кр-вта и превенираат од канцер на дебело црево. Пектинот исто така позитивно влијае и нивоата на вкупен холестерол во кр-вта.

Како и другите цитрусни овошки, лимонот го содржи монотерпенот d-лимонен, кој може да ги олесни симптомите на некои дигестивни заболувања, а во некои студии покажува и одредени антиканцерогени својства.

V Добра храна за срцето

Не само што содржат пектин, кој претходно споменавме дека може да делува на намалување на нивото на холестерол во кр-вта, што го намалува ризикот од срцеви заболувања, лимоните содржат и високи концентрации витамин Ц и калиум.

Овие два микронутриенти исто така можат да придонесат за подобро кардиоваскуларно здравје. Имено, според Американската асоцијација за срцево здравје, калиумот може да помогне во опуштањето на кр-вните садови и на тој начин да придонесе за намалување на кр-вниот притисок. Високиот притисок е еден од најголемите ризик-фактори за срцевите заболувања.

VI Го подобруваат квалитетот на кожата

Витаминот Ц има многу важна улога во намалувањето на брчките кои се појавуваат со процесот на стареење, како и во заштитата на кожата од сончевите зраци. Ваквото својство го обезбедува преку своето моќно антиоксидативно дејство, но тој е и значен за метаболизмот на колагенот – најзастапениот протеин во човековиот организам кој помеѓу останатото има многу важна улога за здравјето на кожата.

Редовното пиење вода со лимон е можеби најдобриот „облик” во кој може да се консумира лимонот за поздрава кожа, бидејќи покрај споменатите негови својства, водата од овој пијалак овозможува и соодветно хидрирање на кожата, но и на целиот организам.

Точниот механизам според кој водата ја подобрува состојбата на кожата е сè уште нејасен, но една работа е сигурна – ако кожата постојано ја губи влажноста, станува сува и подложна на формирање брчки, а на подолг рок поподложна е и на различни типови инфекции.

VII Лимоните можат да помогнат во контролирањето на телесната тежина

Повеќето експерти веруваат дека причината која се крие зад способноста на лимоните да придонесат во намалувањето на тежината е нивната богата содржина на растворливи растителни влакна.

Сепак, една неодамна објавена студија нѝ дава информации според кои може да се забележи дека за ваквото својство на лимоните можеби е одговорен еден тип на фитохемикалии – полифенолни антиоксиданти.

Истражувачите од споменатата анимална студија хранеле две групи на глувци со високо-калорична храна, а на едната група дополнително бил даван полифенолен екстракт од лимонова кора. Резултатите покажале дека глувците на кои не им бил давано од екстрактот, накачиле многу помалку телесна тежина, во однос на другата група.

VIII Лимоните можат да помогнат и за олеснување на симптомите на астма

Студиите покажуваат дека исхраната со поголеми количества витамин Ц може да го намали ризикот од развивање астма, но и дека храната богата со витамин Ц, како што се лимоните, може да помогне при веќе дијагностицирана астма.

Една клиничка студија покажува дека волонтерите кои имале напа-ди на астма поттикнати од некакви инфекции, имале намалени симптоми и времетраење на напа-дите за дури 80% при консумирањето на само 1g витамин Ц дневно.

Лимонот во домаќинството

Ги брка молците: наместо кеса ароматични билки, ставете лимон и молците ќе си заминат.

Ги брка инсектите од кујната: со лимонов сок исчистете ги сите рачки и врати во кујната и ставете кори во аглите каде што се собираат инсектите.

Ги оттргнува непријатните мириси од фрижидерот: лимонот може да го отстрани мирисот од фрижидерот подобро од средство за чистење. Тој може да ги оттргне мирисите од дрвената даска каде што сечете месо и зеленчук.

Полирање на приборот за јадење и среброто: Исчистете ги металните садови со сок од лимон и ќе бидете зачудени како сјаат.

Ставете 2 лимони во рерна и оставете ја подотворена вратата преку ноќ – како не сме се сетиле порано на ова? Генијално!

За убаво да ви мириса дома, најдобра свежина се постигнува кога ќе ги отворите прозорците ширум отворени. Но, во последно време кога ќе отвориме прозор, однадвор наместо свеж воздух добиваме чад и мирис на изго-рена пластика.

За елиминирање на лошите миризби од домот послужете се со овој генијален трик, за што ви се потребни само рерна и 2-3 лимони. Пред да одите на спиење, пресечете ги лимоните на половина и ставете ги во рерна, а вратата оставете ја подотворена.

Наутро кога ќе се разбудите, затворете ја вратата од рерна и вклучете ја на неколку минути. Потоа исклучете ја рерната и оставете ја рерната повторно отворена. Вашиот дом ќе мириса преубаво!

Loading...