Доколку не сте ја пробале старата египетска торта, време е да си ја направите. Се подготвува од два филови и еден пандишпан, а се реди и се премачкува во неколку слоеви. Вториот фил и пандишпанот може да го подготвувате со ореви или со лешници, како ви е повкусно. Првиот фил е многу кремаст, а вториот се подготвува од карамелизиран шеќер измешан со мелени јатки. Еве што ви е потребно:

ЕГИПЕТСКА ТОРТА




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАНДИШПАНОТ (ПРВ РЕЦЕПТ): 10 белки, 10 лажици шеќер, 200 г мелени ореви, 2 лажици брашно. ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 10 жолчки, 10 лажици шеќер, 8 супени лажици густин, 600 мл млеко, 250 г путер/маргарин, 5 лажици шеќер во прав, 1 лажица екстракт од ванила. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 300 г шеќер, 200 г ореви, 300 мл слатка павлака.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАНДИШПАНОТ (ВТОР РЕЦЕПТ): 15 белки, 15 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 300 г мелени лешници. ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 15 жолчки, 15 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 4 кесички ванилин шеќер, 500 мл млеко, 250 г маргарин. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 500 мл слатка павлака, 200 г растопен шеќер, 200 г мелени лешници.




ПОСТАПКА ЗА ПАНДИШПАНОТ (ПРВ РЕЦЕПТ): Изматете 5 белки додека да се стегнат, постепено додавајќи шеќер (5 лажици). Потоа додајте мелени ореви (100 г) и брашно (1 лажица), па нежно измешајте со шпатула. Добиената смеса истурете ја во плех или калап обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180°C додека кората да се одвои од работ на плехот или калапот. Направете ја истата смеса од останатите состојки и испечете друга кора.




ЗА ПРВИОТ ФИЛ: Изматете 200 мл млеко со жолчките и згуснувачот, но внимавајте да нема грутчиња. Во преостанатото млеко истурете шеќер во тенџере и варете додека да зоврие, а потоа додајте ја смесата со жолчките. Гответе додека да се згусне со постојано мешање.




Згуснатиот крем префрлете го во сад и покријте со проѕирна фолија, па оставете да се излади. Потоа се мати путерот на собна температура со шеќерот во прав, па се додава во изладениот фил и сето убаво се меша со миксер. На крајот додајте ванила и измешајте.




ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: Истурете го шеќерот во тенџере и растопете нежно со постојано мешање. Потоа додајте ги ситно сечканите ореви и повторно измешајте. Смесата истурете ја на хартија за печење и оставете ја да се излади. Изладените ореви убаво изблендирајте ги со шеќерот (или користете веќе сомелени), па одвојте 3-4 лажици за декорација.




ЗА ФИЛУВАЊЕ: На еден рамен сад, каде што ќе ја послужите тортата, ставете го првиот пандишпан, па филувајте со половина од првиот фил, па половина од вториот фил, вториот пандишпан, и повторно преостанатиот прв фил и преостанатиот втор фил. Сето тоа наросете го со мешавината од ореви и шеќер, како декорација. Тортата е највкусна доколку отстои во фрижидер преку цела вечер.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ ФИЛ (ВТОР РЕЦЕПТ): Загрејте го шеќерот и растопете го на рингла, па префрлете го на хартија за печење. Оставете да се излади и искршете на парчиња (карамели). Прво испечете ги сите лешници, па сомелете ги.




ЗА ПАНДИШПАНОТ: Белките изматете ги со шеќерот, во смесата додајте ги лешниците и брашното. Од оваа мерка се прават 3 кори (јас направив една и пол доза, значи имав 5 кори), што значи дека една кора содржи 5 белки, 1 лажица брашно, 5 лажици шеќер и 100 гмелени лешници. Се пече на 200 степени.




ЗА ПРВИОТ ФИЛ: Сварете ги жолчките и брашното во млеко (како за пудинг), па оставете да се олади. Маргаринот се мати со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа со миксер изматете ги овие 2 смеси во еднолична. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: Изматете ја слатката павлака и додајте ги лешниците. Се редат на следниов начин: пандишпан, фил I, фил II, стопен искршен шеќер, бисквит… / Сoolinarka.сom