Колач со јаболка кој има многу добар вкус, сите го сакаат.

Потребни состојки:

Рецепт 1:                   Рецепт 2:
300 г брашно              300 г брашно
1 прашок за печиво    1/2 пр. за печиво
150 г путер                 160 г маргарин
100 г шеќер                80 г шеќер
4 жолчки                    3 жолчки
лимонова кора

За фил:

Рецепт 1:                   Рецепт 2:
4 белки                       3 белки
150 г шеќер                150 г шеќер
150 г мелени ореви     150 г ореви
3 лажици џем              3 лажици џем
4 големи јаболка         2 лажици рум

Постапка:

Рецепт 1: прво изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете ги другите состојки (путерот мора да биде на собна температура), па тестото поделете го на два дела.

Едниот дел развлечете го во подмачкан калап 20х30 см, а другиот дел ставете го во замрзнувач.

За фил: изматете ги белките со шеќер во цврст снег, додадете ореви и џем, па сето лесно со лажица промешајте.

Врз првиот дел од тестото ставете рендани јаболка, потоа фил, па преку филот изрендајте го вториот дел од замрзнатото тесто. Печете на 200 степени додека да зарумени.

Рецепт 2: замесете тесто со остро брашно и поделете го на два дела. Оставете во фрижидер еден час. Првиот дел изрендајте го во помал калап, намастен и набрашнет, распоредете го филот и одозгора изрендајте го второто тесто.

За фил: 3 белки изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Потоа додајте го џемот и промешајте со лажица, па рум и на крај оревите (повеќе сечкани и малку мелени).

Печете во загреана рерна на 170 степени, 30 минути или прилагодете според вашата рерна.