Кога се споменуваат бабинските стари десерти кои се чуваа како најголемо богатство во тешкиот тефтер исполнет со различни и многубројни рецепти, вреди да го споменеме овој колач. Првиот рецепт е уште еден стар колач во низата бабини пити, многу едноставен, интересен и многу вкусен, со крцкава кора и лесен крем од гриз. Вториот рецепт е за многу економичен колач од гриз и кокос, многу вкусен, а излегува цел плех.




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца (изматени), 120 г шеќер, 50 г домашна маст (јас користев путер), 2-3 лажици млеко, 400 г мазно брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка прашок за печиво. ЗА ГРИЗ-КРЕМ: 500 мл млеко, 120 г гриз (пченица), 100 г шеќер, 1 кесичка ванилин-шеќер, малку сок и кора од половина лимон по вкус или друг цитрус по ваша желба (портокал).




ПОДГОТОВКА НА СУВОТО ТЕСТО: Од брашното, маста (путер), изматените јајца, шеќерот, млекото, сода бикарбоната и прашокот за печиво замесете лесно, компактно тесто, па поделете го на две топчиња (кори) кои треба да бидат приближно еднакви, може да ги измерите на кујнска вага, за да бидете сигурни во нивната тежина.




Покријте ги со проѕирна фолија двете теста додека да го сварите кремот од гриз, за тестата да не фатат коричка, инаку не стасуваат. Ова е рецепт нешто помеѓу тврдо и ровко тесто. Гризот сварете го во млекото, шеќерот, ванилиниот-шеќер, не смее да биде преварен и густ кремот, мора има конзистентност да се премачкува и оставете малку да се излади, одвреме-навреме мешајте го да не се зафати кора.




Во подмачкан плех (калап) развлечете ја првата кора, прелијте ја со варениот гриз, покријте ја со втората кора (да не се „издува“ при печењето кората, лесно избоцкајте ја со вилушка) и печете во загреана рерна на 180С, 30 минути.




Можете да го послужите како топло предјадење, со шолја топло млеко. Во сварениот гриз, ако сакате, можете да додадете малку суво грозје, претходно натопено во рум или сок од лимон (не ставив јас, но се сеќавам дека и баба ми понекогаш додаваше, за гостите на кои им се допаѓаше таа комбинација. / Coolinarka.com

РЕЦЕПТ 2: Колач со гриз и кокос – економичен, брз, вкусен и сочен, полн плех. Економичен, вкусен и сочен колач. Се допива полн плех од некои основни состојки и многу брзо се прави. Фото и Рецепт: Сунчица Савиќ Стојановиќ – Колач со гриз и кокос.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 100 г шеќер, 200 мл млеко, 100 мл масло, 200 г брашно, 2 лажици какао, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер. ЗА КРЕМ: 1 литар млеко, 7 лажици гриз (полни), 8 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 150 г кокос.




ПОСТАПКА: Прво сварете го кремот. Во зовриено млеко ставете измешан гриз со шеќер и ванила, па варете 2 минути со постојано мешање. Додајте го кокосот, поклопете и оставете на страна. За бисквит, белките пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете цврст снег.




Потоа додајте ги една по една жолчките и продолжете со матење, а потоа додајте ги и останатите состојки и убаво соединете матејќи со миксерот со помала брзина. Плех со приближни димензии 35х20 см обложете го со хартија за печење или намастете го со малку малку и наросете го брашно, а вишокот истресете го.




Половина од смесата излејте ја во вака приготвениот плех. Тоа е баш тенок слој кој треба убаво да се разлее. Запечете го во загреана рерна на 170 степени многу кратко околу 5 минути колку да се зафати коричка.

Извадете го колачот од рерна, излејте ја смесата, израмнете, а одозгора излејте го и вториот дел од смесата. Вратете назад во рерна на уште 15-20 минути на истата температура, никако на посилно за да не се пресуши или изгори.

Изладете го неколку часа колачот за да се стегне за да добиете убаво исечени коцки. Следниот ден (ако остане) колачот е уште помек и посочен. Фото и Рецепт: Сунчица Савиќ Стојановиќ