Старинска чоколадна торта со ореви со меки кори и чоколаден фил, потсетува на славната Реформ

Фото и рецепт: Наталија Милодановиќ

Според состојките но по вкусот многу потсетува на славната Реформ торта, но главната разлика е тоа што корите не се прават од белки а филот од жолчки, туку од цели јајца. Тортата е доволно свечена за секоја пригода, а сепак е едноставна и брза за приготвување.

Потребни состојки:

8 јајца
1 прстофат сол
80 г (8 лажици) шеќер
40 г (6 лажици) остро брашно
1 прашок за печиво
100 г (14 лажици) мелени ореви

за фил:

Loading...

6 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
200 г чоколадо за готвење
250 г путер (или маргарин)
1 кесичка прашок за шлаг (40 г)
и уште: ореви за декорација (околу 50 г)

Постапка:

За бисквит одвојте ги белките од жолчките. Најпрво белките изматете ги со прстофат сол и постепено додавајте го шеќерот во неколку наврати. Миксајте додека да добиете цврст сјаен снег.

Намалете ја брзината на најслаба, па додавајте една по една жолчка. На самиот крај додадете брашно помешано со прашок за печиво, како и мелени ореви, па со шпатула полека и внимателно промешајте за да остане смесата воздушеста.

Излејте ја смесата во голем плех од рерна обложен со хартија за печење и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути додека кората малку да зарумени.

За фил: Изматете ги јајцата во соодветен сад, додадете шеќер и ванилин шеќер, па со жица добро промешајте. Ставете го садот врз пареа (врз друг сад со зовриената вода) и сварете го филот со постојано мешање. Филот се вари околу 10-15 минути додека да започне да згуснува. Потоа додадете го чоколадото искршено на коцки, мешајте додека да се растопи и варете уште 4-5 минути.

Вака сварениот фил оставете го да излади, но не целосно. Во млакиот фил ставете путер на собна температура и пенасто измиксајте со миксерот. На овој начин ќе има покремаста структура. На крај додадете го прашокот за шлаг (од кесичка директно во филот, не треба да се мати посебно) и уште еднаш измиксајте за да се соедини.

Од кората внимателно отстранете ја хартијата, па пресечете ја надолжно, да добиете три кори.

Редење: кора, ¼ фил, кора, ¼ фил, кора – остаток од филот одозгора и од страна. Декорирајте со мелени ореви или по желба.

Совет: Тортата е најубава кога ќе отстои малку на собна температура откако ќе ја извадите од фрижидер, бидејќи тогаш најдобро доаѓа до израз нејзиниот богат вкус.

mysticcakes.com

Loading...