Стар рецепт од баба ми за болки во стомакот, од 1962 г, го пробав, екстра ефикасен е!

Ова е еден стар рецепт на мојата баба. Го напишала на лист уште во 1962 година. Многу е ефикасен и спречува и смирува болки во стомакот.

Мојата покојна баба потекнува од Грција и беше најдобра готвачка во целото семејство. Имам некои нејзини рецепти, а меѓу нив и овој природен лек.

Потребни состојки:

1 главица лук

4 лажици Шведска горчливка

1 шолја чај од камилица

Постапка:

Исечете една цела главица лук на ситни парчиња. Потоа малку изгмечете со лажица или виљушка.

На страна сварете една шолја чај од камилица. Лукот додадете го во чајот, а потоа додадете уште четири лажици Шведска горчливка, па добро промешајте.

Шведска горчливка можете и сами да си направите а можете и да си ја купите од аптека.

Вкусот е горчлив, но овој напиток е здрав и богат со многу витамини.

Употреба: Се пие наутро и навечер (на 12 часа).

Лековитите својства на камилицата доаѓаат од нејзините цветови кои содржат испарливи масла (бисаболол, бисаболол оксиди А и Б, и матрицин), флавоноиди и други терапевтски супстанции.

Научните истражувања потврдија дека камилицата поседува антибактериски, антифугални, антиалергиски и антисептични својства.

Исто така, утврдиле дека камилицата го зголемува бројот на белите крвни зрнца во крвта, го олеснува варењето на храната, ја ублажува надуеноста на стомакот и ја нормализира столицата. Камилицата го ублажува стресот и нервозата.

Камилицата делува:

-Против грчеви

-Антиинфламаторно

-Антиалергиски

-Антисептички

-Има благо седативно дејство, ја намалува анксиозноста, стресот и напнатоста, па затоа се препорачува да се пие чај од камилица пред спиење бидејќи го намалува немирот, влијае поволно за мирен сон, што е добро за оние кои имаат несоница.

-Го поттикнува варењето на храната

-Благ аналгетик

-Против менструални болки

-Ја негува проблематичната кожа

-Ги опушта мускулите

-Ја подобрува функцијата на црниот дроб итн.

Исто така, во лековити цели се користи и маслото од камилица. Наједноставниот начин да направите масло од камилица е – да ги натопите цветовите во 200 мл маслиново масло и да оставите да отстојат на сонце 3-5 седмици.

Внимавајте цветовите целосно да бидат прекриени со маслото и повремено промешајте.

Со добиеното масло можете да ја негувате целата кожа. Камилицата се користи за намалување на иритација на кожата, осипи, отоци, потоа за реума, гихт, како и за нега на испукана и сува кожа.

Маслото исто така е добро за нега на главата (скалпот) и против првут.

Чајот од камилица се препорачува кај мали деца кои имаат проблеми со стомакот – го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, го олеснува испуштањето на гасови итн

Камилицата можете да ја користите во облик на чај, во чајни мешавини, како додаток во купките за опуштање, за изработка на масло, за изработка на ладни и топли облоги за смирување на вашето тело.

Лесна е за примена и погодна за користење, а можете и да ја засадите во вашата градина.

Loading...