Тиквичките може да се јадат сирови како салата, саламурени или поткиселени во тегла, да се пржат, печат, рендаат и да бидат дел од речиси секое јадење. Благодарение на нивниот неутрален вкус тие совршено се комбинираат со секакви други намирници. Се надеваме дека ќе ви се допаднат нашите денешни предлози:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички, 100 г лебни трошки (презла), 100 г рендан пармезан, 2 мали лажички лук во прав, 2 јајца, црн пипер, сол и мелен црвен пипер по вкус, како и зачини по вкус. ЗА СОС: 200 г кисела павлака или цврст јогурт, 1 супена лажица мајонез, 3 чешниња лук, свежа мирудија (копар), сол по вкус

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички (или повеќе по вкус), сол, црн пипер, 3 лажици презла, 1 лажичка црвена зачинска пиперка, 70 г кашкавал, 2 јајца, 2 лажици брашно. По потреба се доставува брашно, презла, јајца…

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: исечете ги тиквичките на стапчиња. Во еден сад измешајте ги сите состојки кои се потребни за валање на тиквичките: лебните трошки, сол, црн и црвен пипер, ситно рендан пармезан и лук во прав или гранули.




Во друг сад изматете ги јајцата, па секое стапче тиквичка најпрво натопете го во јајце, а потоа во мешавината од лебни трошки и зачини. Можете да ги пржите, но наша препорака е да ги испечете во рерна, зашто така се поздрави.




Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, внимавајќи секое стапче да биде посебно наместено и да не се допира до соседното, сосем малку накапете маслиново масло, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно 25 минути.




Во меѓувреме пригответе го сосот кој се послужува заедно со печените стапчиња од тиквички. Во еден сад измешајте ги киселата павлака/јогуртот со мајонезот, па додајте ситно сечкан свеж копар, лукче истиснато низ преса или изрендано, па посолете по вкус. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: ако имаат тврда лушпа, тогаш излупете ги тиквичките, во спротивно, ако се млади, тогаш веднаш исечете ги надолжно на долги ленти со дебелина од 5 мл. Потоа наредете ги на тепсија обложена со хартија за печење и посолете ги со сол и црн пипер од едната, па и од другата страна.




Настрана подгответе си презла измешана со црвена зачинска пиперка. Измешајте, па во смесата наросете 70 г пармезан. Повторно соединете. Во друг подлабок сад скршете две јајца и изматете ги со виљушка.

Тиквичките избришете ги од двете страни со хартија за да се исцедат од течноста која ја испуштиле, па прво натопете ги во јајце од двете страни, а потоа во мешавината од зачини со пармезанот. Вака подготвените, похувани тиквички наредете ги во плех обложен со хартија едно до друго, да не се преклопуваат.




Тиквичките печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 10-15 минути, па потоа можете да ги послужите со тартар сос или некој друг сос по ваша желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.