Србија: Доктор по медицина работи во пекарница- откако се појавила нејзина фотографија во медиумите добила отказ

Во Србија многумина слушнале за овој случај на д-р Јасмина Тахировиќ (33) кога пред две години се појавија во јавност нејзини фотографии од пекарницата каде била вработена. За да се прехрани себеси и своите родители работела како продавачка на леб, бурек и печива. Фотографиите станаа вирални за целиот балкан.

Дека еден доктор продава бурек и не е некоја вест, но дека еден доктор како што е д-р Јасмина која ги завршила студиите по медицина во Белград пред рок, со положен државен испит, со шестмесечен стаж во Клиничкиот центар на Србија, преживува работејќи во пекарница и тоа во малото место Сеница каде секој млад и школуван човек би требало да биде драгоцен, е навистина необично и загрижувачки, пишуваат Novosti.

Најтажното е тоа што кога се појавила нејзината фотографија во медиумите, сопственикот на пекарницата веднаш и дал отказ на Јасмина.

-Имав разни големи ветувања дека, додека да се распише конкурс за лекари, ќе работам во една приватна фирма на пакување чорапи, но и тоа пропадна. Во меѓувреме, беше распишан конкурс за лекари и двајца мои колеги добија работа, а конкурсот од мене непознати причини двапати беше поништуван. Неколку пати кога одев во Министерството ми беше ветувано дека ќе добијам вработување по својето занимање, меѓутоа до тоа се’ уште не е дојдено – истакнува д-р Јасмина Тахировиќ.

Повторно бил распишан конкурс за двајца лекари во Здравствениот дом во Сеница…конкурирав, но стравувам. Знам дека ги исполнувам апсолутно сите услови, но без разлика на тоа, стравувам дека повторно нема да ја добијам работата за која толку години се школував.

Имав многу понуди да одам во странство, но едноставно не сакав да си заминам, мојата желба е да останам овде во својата држава со своите родители, кои толку се жртвуваа за мене и ми помагаа во текот на школувањето, говори д-р Јасмина.

Јасмина истакнува дека е мажена и дека нејзиното синче и е најголема радост и поттик во животот… Меѓу останатото, Јасмина истакнува дека никогаш не ни сонувала дека всушност белиот мантил наместо како лекар, ќе го носи како работник во пекарница продавајќи бурек, кифли и останати печива.

Воопшто не ги потценувам другите занимања, но сметам дека секој треба да го работи она за што е школуван, единствено на тој начин сите ќе имаме бенефит и на тој начин ќе придонесеме за развој на својата држава и народ, во спротивно, не можеме да очекуваме светла иднина – завршува д-р Јасмина.

Loading...