Совршената комбинација од мед и сусам е навистина чудотворна: лекува повеќе од 10-тина болести

За позитивното дејство и лековитите својства на медот за целокупното здравје на човекот, веројатно знаат и птиците на гранката. Меѓутоа, помалку позната информација е како медот делува во комбинација со поедини намирници.

Една од таквите комбинации е мед со сусам, која како лек се користи за лекување на бројни здравствени состојби, а на прво место се регулација на висок крвен притисок, регулација на холестеролор, како и воспоставување на добар сооднос меѓу добриот и лошиот холестерол.

Покрај тоа, сусамот и медот како лек се користи за заштита на црниот дроб, а докажано го отстранува заморот и депресијата.

Причината за ефикасноста на оваа специфична комбинација е фактот што двете намирници се исклучително богати со лековити состојки а заедно само се засилува нивното дејство.

Меѓу другот, оваа комбинација е одличен извор на витамини од Б групата, како и витамин Е, но и многу други витамини и минерали, а првенствено железо, магнезиум, калциум и цинк.

Покрај сето наведеното, сусамот и медот како лек се користат и за: спречување на рак на дебелото црево, отстранување на опстипација и мигрена, како и за чистење на цревата, а со самото тоа влијаат и за елиминација на хемороидите.

РЕЦЕПТ

Многу едноставно се приготвува, всушност и не постои прецизен рецепт за оваа смеса. Едноставно сусамот во зрно или сомелен промешајте го со мед и мешајте додека да добиете фина, густа паста.

Некои прават топчиња од смесата како бомбици кои се чуваат во фрижидер и во повеќето слушаи е доволно да консумирате по една бомбица дневно, евентуално две, во зависност од нивната величина.

Не смеете да претерувате бидејќи се калорични.

Ако смесата ја чувате во стаклена тегла во фрижидер, консумирајте по една лажичка до две во текот на денот.

Loading...