За да ги одржувате вашите алишта чисти и да мирисаат свежо, не треба да користите (скапи) детергенти и омекнувачи кои се полни со хемикалии. Најдобар помошник во перењето алишта може да биде обичниот алкохолен оцет!

Веќе е добро познато дека алкохолниот оцет може да го замени омекнувачот, бидејќи ги отстранува дамките и не остава мирис на оцет на алиштата, но неговата примена во перењето е многу поголема.

За разлика од вообичаените детергенти и омекнувачи, алкохолниот оцет е природно средство за чистење, а исто така е и многу поевтин.

Еве 8 причини зошто алкохолниот оцет треба да стане ваш главен сојузник при перење алишта и долна облека:

-Истурете половина чаша алкохолен оцет врз алиштата пред да ги ставите во машината за перење. Оцетот ќе ја заштити бојата на облеката, ќе го зголеми ефектот на детергентот и ќе спречи да останат остатоци од детергент на облеката по миењето.

-Користете алкохолен оцет наместо омекнувач. Истурете го во преградата за омекнувач и оцетот уште подобро ќе ја заврши работата на омекнувачот, бидејќи алиштата ќе бидат помеки, а околината почиста.

-Киселината во алкохолниот оцет успешно ќе ги отстрани дамките од дезодоранси и трагите од потта од белата облека.

-Алкохолниот оцет ги неутрализира непријатните мириси на облеката, што значи дека без проблем ќе го отстрани мирисот на чад од нив.

-Многу е тешко да се отстранат животинските влакна од некои видови ткаенина, но и тука помага алкохолниот оцет. Едноставно додајте го во машината и влакната ќе исчезнат.

-Ако користите алкохолен оцет при перење алишта, ќе спречите и статички електрицитет на вашата облека.

-Додајте 6 лажици алкохолен оцет во алиштата што ги миете рачно и оставете ги да отстојат половина час. На овој начин можете да перете и долна облека и костими за капење.

-Самата машина можете да ја исчистите и со алкохолен оцет. Оцетот ќе ги отстрани сите нечистотии, како и трагите од бигор и мувла.