Совршен Нутела чизкејк со неодолив вкус: Без печење и без желатин, ова е вистинско чудо

Чoколадниот чизкејк со Нутела е многу лесен да си го направите, бидејќи е полесна варијанта за нешто благо кога ќе ви дојдат ненадејни гости, да ги послужите со нешто многу вкусно, наместо со часови да поминувате во кујната. Чизкејкот не се пече, само се редат слоевите и потоа се става на ладење во фрижидер, пред да се послужи.




Кога ќе ви се пријаде нешто чоколадно, овој колач можете да си го направите во секое време и за кратко време ќе го изедете цел. Лесен е, не е многу калоричен и е базиран на кремови, затоа сите го обожаваат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280 г чоколадни бисквити, 80 г путер. ЗА КРЕМОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 550 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц или сл.), 80 г шеќер во прав, 450 г Нутела, 1 лажица какао. И УШТЕ ЗА ГЛАЗУРАТА: 100 г млечно чоколадо, 20 г темно чоколадо, 30 г масло.




ПОСТАПКАТА ЗА ПОДЛОГАТА: Сомелете ги кексите и помешајте ги со 80 г растопен и малку подизладен путер. Соединете ја смесата додека да се изедначи и да добие конзистентност како влажен песок. Можете да користите и обични бели бисквити, но тортата е многу повкусна и поубава, ако е целата чоколадна.




Рамномерно распоредете ја во калапот за торти и притиснете одозгора со лажица или со дното на една чаша, за да се израмни површината. Користете коцкаст или кружен калап, по можност со помал пречник. Ако сакате тортата да ја направите поголема за повеќе луѓе, во тој случај удвојте ги состојките.




ЗА ФИЛОТ: Изматете го крем сирењето додека да добиете кремаста смеса. Додајте 80 грама шеќер во прав и миксирајте додека да се изедначи. Кремот на почетокот не треба премногу да се микса. Потоа додајте ја Нутелата и продолжете со матењето додека целата смеса да стане чоколадна.




На крајот додајте го какаото, па соединете го со останатите состојки со помош на шпатула, за да не ви се разлета правта. Откога ќе го изедначите кремот, веднаш премачкајте го врз подлогата со мелени бисквити и рамномерно распоредете го.




Изедначете ја површината со шпатула или специјална кујнска алатка за измазнување на кремови за торти, па преминете на подготовка на глазурата. Пред да ја премачкате глазурата, по желба можете да направите и уште еден, дополнителен слој на тортата, но секако ова е опционално.




Ако правите втор слој, во тој случај, најдобро е тој да биде бел, за да се разликува од тој со Нутела. Ако се одлучите на два слоеви, тогаш поделете половина од кремот, пред додавање на Нутелата и какаото и оптимално зголемете ја количината на состојките.

Чоколадната глазура се приготвува на следниот начин: 100 г млечно чоколадо, 20 г темно чоколадо и 30 мл масло растопете на тивок оган додека состојките да се изедначат и да се добие сјајна глазура.

Глазурата премачкајте ја врз кремовите и ставете колачот да се излади во фрижидер пред послужување, минимум неколку часа пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Готова е за 5 минути, без желатин и со малку шеќер по вкус
Следна статијаЗамена за принцес крофните: Слична подготовка, овие колачиња личат на снегулки и се многу вкусни