Со текот на времето во бракот доаѓа до еден вид на разидување, несогледување на потребите на партнерот, недостиг на време за меѓусебни разговори.. Иако на почетокот сме мислеле дека бракот секогаш ќе биде среќен, исполнет со искри, радости и бескрајна љубов, со текот на времето, од-носите започнуваат да се ру-шат.

Тоа се случува кога еднаш ќе ги занемарите потребите на партнерот, а нема да го забележите ни вториот, ни третиот пат кога ќе го направите истото. Тогаш се јавува чувството на осаменост, а барањето на повеќе љубов и внимание, се сведува на кара-ница која не ја решавате со денови и останувате лути еден на друг.




Блогерка на својот Инстаграм профил долови еден интересен текст кој ќе ве замисли за вашите постапки и размислувања. Таа вели: „Драги сопружници, нека не ви биде жал ако вашиот брак е л ош, доколку не сте во состојба да го промените тоа, да го промените од-носот со вашиот партнер.“

„Знаете.. некогаш работите и проблемите ги гледаме од различна перспектива, но за тоа не сте в иновни ниту вие, ниту вашиот партнер, за тоа е в иновна биологијата. Да, точно е тоа дека мажите размислуваат на еден начин, а жените размислуваат на друг.




Мажите размислуваат физички и секогаш ќе бараат корист од работите, а од друга страна жените размислуваат емоционално, и тоа секогаш ќе биде така. Нешто што не ви се допаѓа вам, можеби ќе и се допаѓа на вашата сопруга, па колку и да мислите дека е бескорисно да трошите пари на цвеќе, нема да ви наш-тети доколку ја израдувате вашата жена еднаш во месецот со прекрасен букет.

И обратно, жени, не дозволувајте да си го повишувате тонот доколку масата е растурена, ѓубрето не е фрлено. Ка-раниците нема да го решат вашиот проблем. Секогаш обраќајте се нежно, сми-рено кон вашиот сопруг и гледајте го како партнер во играта во која сами сте одлучиле да ја играте до крајот на вашиот живот. Играта наречена брак.




Кога ќе му се обратите нежно на сопругот, тој ќе ја забележи вашата убавина, па со трчање ќе оди да ја раскрене масата, затоа што тоа ќе ве направи среќна. Секогаш проверувајте се еден со друг, како ви е партнерот, дали нешто го м ачи. Давајте си комплименти!




Доколку сопругата е исцрпена, не ја оптеретувајте со прашања. Едноставно пружете и љубов, можеби се чувствува осамено, но не е свесна за тоа. Жените имаат тенденција да апсорбираат с трес околу себеси, а ако не внимавате на вашата сопруга, таа брзо може да прего-ри.




Бидете си потпора еден со друг, не допуштајте партнерот да се „истроши“ од вас и да ја изгуби желбата и волјата за вашето внимание. Мажот е среќен кога жената е среќна, кога таа бо-ледува, и мажот ќе б оледува со неа.




Не заборавајте дека само вие двајца ќе останете еден до друг со текот на годините. Децата ви се најубавиот подарок, но тие ќе си го пронајдат својот пат кога тогаш, и тие ќе си најдат некоја нивна потпора. На крајот, само партнерот ќе биде постојано до вас, во добро и во л ошо.




Само партнерот ќе ги знае вашите проблеми, вашите м аки, гри-жи. Со него ќе ги водите бескрајните разговори и заедно ќе ги решавате проблемите. Затоа не занемарувајте го, бидејќи тој е дел од вас, а и вие сте дел од него.




Мажи, внимавајте вашата жена да одмори доволно. Дајте и слободен простор да може да се обнови и да ги среди своите мисли. Разговарајте со неа за сè. Направете заеднички план и распоредете ги домашните обврски.




Иако вие не сте нејзин спасител и не треба да го носите нејзиниот терет, бидете до неа за да ја заштитите. Таа има еден принц на бел коњ, а тоа сте вие. Погледнете ја својата жена во очи. Прашајте ја како се чувствува, молете се за неа. Бидете покрај неа, бидете нејзин пријател, затоа што можеби токму тоа и е потребно во моментот.




Ако нејзиното лице изгледа нерасположено, можеби е изморена и и‘ треба одмор. Таа не е во овој свет само за да работи. Без разлика што вашата жена сега е возрасна, таа некогаш била слободна девојка која во срцето сè уште ги има истите надежи и соништа“, заклучува блогерката.