За производство на расад не е потребно некое претходно огромно искуство или пак, некое големо материјално вложување. За да добиете квалитетн расад, односно здрави билки со добро развиен коренов систем, отпорни на болести, штетници, студ или суша, прихранувајте ги вашите билки.
Ова органско прихранување на потполно природен и органски начин, најдобро делува на доматите, краставиците, пиперките, модриот патлиџан, мешунките, тиквичките и останатиот зеленчук, но исто така и на цвеќињата.
Се приготвува од две состојки растворени во вода. Куркумата е природен антиоксидант и во комбинација со сода бикарбоната го зголемува ефектот на оваа домашно приготвена природна, органска прихрана.
И двете потребни состојки се евтини и лесно достапни за сите, а стопати се поефикасни од разни други синтетички средства за прихрана. Природни се, а сепак спречуваат развој на патогени микроорганизми и паразити кои често ги напаѓаат билките.
Покрај другото, го зајакнуваат коренскиот систем, а тоа е најважно кога станува збор за јакнење на имунитетот и цбврстина на нивното стебленце. Со овој домашен прихранувач билките за полеваат на секои 15 дена. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ: Во една стаклена тегла ставете една мала лажичка куркума во прав, една мала лажичка сода бикарбона и половина литар топла вода. Добро промешајте и оставете ја оваа мешавина да отстои најмалку два часа.
Потоа растворете ја во 3 литри вода која претходно отстојала на собна температура, или пак изворска вода. Со оваа течност полевајте ги билките на секои две недели, односно двапати месечно (на 15 дена). Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Кога за првпат ќе ги расадувате билките, постои едно друго домашно средство со кое треба да се залеат.
Имено, тоа средство им делува како мајчиното млеко на бебињата и им го дава основниот имунитет за заштита од болести. Од првото и најважното полевање на доматите, веднаш откако ќе ги засадите во земја зависи како понатаму тие ќе се развиваат, каков ќе биде нивниот имунитет, односно отпорноста од надворешни штетни влијанија и колкав принос ќе даваат.
Со оваа течност растението зајакнува, а корењата полесно се разгрануваат и продираат во земјтата, така што, со својот густ мрежен систем тие стануваат одлична подлога за идното растение кое ќе дава богат и вкусен плод.
Овој раствор е сосем природен не и штети на околината, напротив, ја збогатува со многу потребни витамини и минерали. За билките делува исто како што првото мајчино млеко – колострум, им делува на бебињата.
Многу е важно, бидејќи од него зависи понатамошниот раст и развој на самата единка. Како се приготвува прочитајте ОВДЕ. Покрај тоа, кога ќе ги садите доматите, многу е важно како ќе го изберете местото и билките кои ќе ги насадите покрај нив.
Пред да посадите домати, секогаш изберете ја најдобрата сорта домати. Денес има многу варијации меѓу сортите на домати. Покрај тоа, за да имате добар принос од доматите, важно е да ја знаете pH вредноста на почвата во вашата градина.
Дали е земјиште со повеќе врнежи, дали имате доволно сонце? Кога ќе разберете каков двор и почва имате, запрашајте се која сорта домат најдобро расте во такви услови, па пронајдете ја и засадете ја.
До него, задолжително засадете цвеќе кадифе што ќе го заштити од компирската буба, која понекогаш знае да го нaпадне, но и босилек. Доматите сакаат малку кисела почва, но како што растат, им треба повеќе алкална почва. За да бидат слатки и да даваат големи плодови, прочитајте ОВДЕ.