Совет кој пари вреди: како да ја елиминирате мувлата од машината за перење

Дали после перењето на алишта тие не ви мирисаат убаво иако сте ставиле омекнувач и убав прашок? Сте забележале црна мувла, дамки на преградите за прашокот или на гумата?

За да се ослободите од оваа непријатна појава, потребно е да го направите следното:

Потребни состојки:

-Течно средство за чистење (пожелно да содржи хлор)

-Сунѓер (кој после треба да го фрлите, значи не мора да биде нов)

-Ракавици

-25 г лимонтус

Постапка:

-Првиот чекор во борбата против мувлата е обично пребришување со хартиено марамче на внатрешноста од машината, за да се ослободите од наталожената нечистотија.

-Потоа, нанесете било какво средство за чистење (што содржи хлор) врз гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи.

-Затворете ја вратата и оставете два часа да делува.

-Потоа, во преградата за прашок ставете лимонтус и вклучете ја машината на највисока температура.

После оваа постапка, вашата машина за перење алишта ќе заблеска како нова. Повторете ја процедурата по потреба, за еден месец, за конечно да се ослободите од остатоците од мувлата.

И не го заборавајте превентивното одржување бидејќи тоа значително го продолжува животниот век на вашата машина.

Loading...