СОВРШЕН ДОМАТ ВО ТЕГЛА: Без него не може да помине ниту една зима

Здраво на сите. Не знам за вас, дали подготвувате домати во тегла за зимница, ама можам да ви кажам дека оваа зимница е совршена. Јас беа неа не пречекувам ниту една зима. Кога сакаме си отвораме тегла и се сладиме во неговиот вкус исто како да е лето. Вака приготвениот домат има рок на траење до 12 месеци без пастеризација – Јелена Шарац.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг домати поситен, 2 главици кромид, 6-7 чешниња лук, 3 ловорови листови, малку црн пипер во зрно (бибер), 1 китка свеж магдонос, 1 лута пиперка, по 3 лажици сол, шеќер и бел оцет 9%




ПОСТАПКА: Доматите измијте ги убаво под млаз вода, исцедете ги, па потоа отстранете го тврдиот дел кај дршката и пресечете ги на половина. Средни по големина главици кромид ислупете ги, па исечете ги на тенки кругови со дебелина од 3-4 мм.




Лутото пиперче ситно исечкајте го. Магдоносот измијте го, па и него ситно исечкајте го. Стаклени тегли од 800 г убаво измијте ги и стерилизирајте ги, или едноставно исперете ги во машина за перење садови.




На дното од секоја тегла ставете една лажица ситно сечкан лук (на листови), еден ловоров лист, еден прстофат црн пипер во зрно (бибер), па започнете да го редите доматот. Наредете 4-5 половинаки или колку собира во еден ред.




Врз доматите наредете 3-4 тркалца кромид, малку свеж магдонос, па повторно продолжете да редите половинки домат. Пополнете ја теглата со домати до горе. на крај додајте малку од ситно сечканата лута пиперка и малку свежо исечкан магдонос.




Одозгора ставете една полна лажица шеќер, една лажица сол и една лажица бел оцет 9%. Истата постапка повторете ја и со другите тегли додека да го потрошите целиот материјал. Оваа количина сета ја собра во три тегли од 800 г.




Во вака наредените тегли долејте врела вода, но не до крај, оставете 1-1,5 см од врвот, односно оној горен дел од теглата кој се стеснува. Потоа теглите добро затворете ги со стерилизирани метални капаци (или кои претходно сте ги пребришале со ал-кохол).




Теглите се затвораат на следниот начин: најпрво на лева страна се повлекува капакот за убаво да клапне, а потоа се затегнува добро на десна страна, двапати, за да се осигурате дека теглата е добро затворена (погледни видео).




Теглите покријте ги со некое ќебенце или пешкир и оставете да се олади на собна температура, а потоа чувајте го на темно и ладно место. Вака приготвениот домат е многу вкусен и спремен за зима. Има рок од 12 месеци. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаДОМАШЕН ТОНИК ЗА ИМУНИТЕТ: секој ден по една мала чаша и ќе го зајакнете телото до максимум
Следна статијаПУСЛИЦА КОЛАЧ СО 3 ЈАБОЛКА и 15 минути работа, нема нешто полесно и повкусно