Доколку оваа пролет посеавте лук, добро е да го знаете овој трик кога ќе дојде време да го извадите од земјата. Од сосетката добив одличен совет за тоа како да го сочувам лукот во текот на зимата, но и подолго, без да се расипе.
Имено, таа тврди дека според нејзиниот начин лукот го чува на таван до 2 години и ниту едно чешне досега не се исушило, не скапело или свенало. Таа го вади лукот од земјата заедно со стебленцето и коренот, значи целата билка. Не го чисти од земјата и не го мие.
Сосетката вели дека вака набраниот лук треба да се остави на сонце околу 2 недели, а потоа, исто така заедно со стеблото коренот и остатоците од земја, да се ускладишти на таванот. После 3 недели сушење, отсечете му го стеблото, но никогаш коренот. На овој начин лукот ќе ги сочувува сите нутритивни состојки.
После отсекувањето на стебленцата, таа во гајбата истура тенок слој на сол, околу 1-2 см дебелина. Ги распоредува главиците лук и ги прекрива со хартија од весници. Лукот складиран на овој начин може да трае до две години без да ја промени бојата, без да исуши или да изгние.
Зошто треба почесто да јадете лук?
Лукот се смета за суперхрана кога станува збор за здравјето на срцето. Тој е еден од најмоќните природни антибиотици и се користи во борба против 14 различни инфекции.
Богат е со пробиотски влакна кои се неопходни за развивање на добри бактерии во цревата. Одличен е и за намалување на холестеролот во крвта, разградување на киселините во црниот дроб и има одлични антибактериски својства.
Лукот содржи антибактериски и противвоспалителни својства кои го намалуваат ризикот од развој на инфекции, а со тоа се намалува и ризикот од развој на срцеви заболувања.
Повеќето лековити својства потекнуваат од присуството на алицин кој ефикасно штити од патогени бактерии, вируси и паразити отпорни на лекови. Лукот е ефикасен и против габичните инфекции.
Кога ќе се проголта, алицинот се претвора во сулфенска киселина, која е најбрз дејствувачки елиминатор на слободни радикали.
Најдобар начин да се искористат здравствените предности кои редовно ги нуди овој зеленчук е да се консумира свеж, на тој начин што ќе го згмечите, и ќе почекате 5 минути алицинот да стане активен, па дури потоа ќе го изедете.
Лукот го намалува крвниот притисок, спречува создавање на згрутчувања, превенира васкуларни тегоби, помага во одржување на здравјето на ѕидовите од крвни садови, спречува оксидација на холестеролот, ги подобрува срцевите мускули, спречува дисфункција на артериите и слично.