Брзи сомун лепињи без месење
Овие меки и ароматични сомун лепињи се подготвуваат без напорно месење и се печат само 15 минути.
Совршени се за сандвичи или како додаток на предјадења, а нивната пенеста текстура и особен вкус ги прават омилени кај целото семејство.
Подгответе ги лесно и брзо и уживајте во фантастичниот резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки (за 12 средни лепињи)
• 450 г брашно
• 10 г сув квасец
• 400 мл топла вода
• 2 мали лажички сол
• 1 мала лажичка шеќер
• 30 мл масло
• 1 лажица оцет
• НМД


Постапка
1. Во длабок сад ставете 400 мл топла вода, сувиот квасец, солта, шеќерот, маслото и оцетот. Добро измешајте со дрвена лажица.
2. Постепено додавајте го брашното и мешајте додека да добиете мазно, меко и благо лепливо тесто, слично на тестото за тиганици.
3. Покријте го садот и оставете го тестото на топло да ферментира околу 40 минути, или додека да го удвои својот волумен.
4. Подгответе плех така што ќе го намастите и ќе го обложите со хартија за печење.
5. Со голема лажица за црпење, земете дел од тестото и ставете го во плехот. Со помош на друга лажица подбутнете го тестото и обликувајте го во кружна форма.
Пред секое црпење, натопете ја лажицата во вода за тестото полесно да се одделува и не се лепи.
6. Можете да направите помали или поголеми лепињи според желбата. Одозгора попрскајте ги со малку брашно, а потоа и со вода за поубав изглед.
7. Печете во претходно загреана рерна на 220°C околу 15 минути.
8. Од наведената количина се добиваат 12 средни лепињи, меки, воздушести и со прекрасен мирис. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































