Home ТЕСТО Солени мини кифлички за секој ден, без чекање, брзи, едноставни и многу...

Солени мини кифлички за секој ден, без чекање, брзи, едноставни и многу вкусни

Мини солени кифлички - Рецепт и фотографија на Валентина Џамбазова

Солени мини кифлички

Овие солени мини кифлички се совршен избор за брз и вкусен додаток на вашата трпеза. Лесни за подготовка, со крцкава текстура и богат вкус, тие се идеални за секоја пригода – од семејни собири до ужина во движење.

Рецептот, споделен од Валентина Џамбазова, а инспириран од Керасимира Паничкова, ќе ве воодушеви со својата едноставност и прекрасен резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Мини солени кифлички – Рецепт и фотографија на Валентина Џамбазова

Потребни состојки:

– 100 г кашкавал
– 100 г сирење
– 1/2 лажичка прашок за печиво
– 1 и 1/2 чаша брашно
– 50 г растопено путер
– 150 г кисело млеко
– 1 јајце (за премачкување)
– НМД

Постапка:

1. Изрендајте ги го кашкавалот и сирењето во сад.
2. Додајте го растопениот путер и киселото млеко, во кое претходно сте го измешале прашокот за печиво.

3. Постепено додајте го брашното и замесете меко тесто.
4. Поделете го тестото на две еднакви топки. По потреба додајте уште малку брашно ако лепи, но тоа треба да остане меко.

5. Секоја топка развлечете ја во круг, а потоа исечете ја на 16 триаголни парчиња, слично како за кроасани. Вкупно ќе добиете 32 мини кифлички.

6. Наредете ги кифличките на плех обложен со хартија за печење.

7. Премачкајте ги со разматено јајце за да добијат златеста боја, а по желба можете да ги посипете со сусам, ким или семки.

8. Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 20 минути или додека да добијат убава златна боја.

Овие мини кифлички се подеднакво вкусни и топли и ладни. Уживајте во нивниот неодолив вкус!

Рецепт и фотографија на Валентина Џамбазова, според Керасимира Паничкова