Брз и здрав појадок или вечера. Превкусни мафини со тиквички, меки како душа, здрави и лесни, брзи за подготовка, готови за половина час. Од оваа смеса излегуваат 12 мафини со средна величина.

Потребни состојки: 1 тиквичка од 270-300 г, 2 јајца, 2 лажици масло, 100 г брашно (5 полни лажици), 2 лажици гриз, 6 г прашок за печиво (1/2 кесичка), 1 лажичка сол, оригано по вкус, црн пипер по вкус, ½ црвена пиперка ситно сечкана, 70 – 100 г рендан кашкавал, сусам за наросување

Постапка: Тиквичката измијте ја, излупете ја и изрендајте ја. Не ја цедете. Две јајца изматете со виљушка, додадете ги во ренданата тиквичка и убаво соединете. Додајте 2 лажици масло, промешајте, па додајте ја мешавината од 100 г брашно и 2 лажици гриз. Соединете.

На крај додајте: 1 лажичка прашок за печиво (6 г), 1 рамна лажичка сол, оригано и црн пипер по вкус. Црвената и исечкана пиперка (на ситни коцкички) ставете ја по желба, но дава одличен вкус. Убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Изрендајте 70-100 г кашкавал, па и него додадете го во смесата и промешајте. Калапите за мафини намастете ги со путер или масло, па полнете ги рамномерно, по една лажица за еден мафин.

Од оваа количина излегуваат 12 мафини со средна големина, а доколку сакате повеќе, зголемете ги состојките. Одозгора наросете ги со сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Појадок за 20 минути – Солени мафини – Идеален рецепт за оброк набрзина

Брз и вкусен оброк кој сите го сакаат. Искористете го она што го имате во фрижидер, исечкајте, измешајте и испечете.

Потребни состојки: 2 чаши брашно, 1 чаша јогурт, ½ чаша масло, 3 јајца, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 200 г фета сирење, шунка или сланина по желба и црвена пиперка или ајвар – по желба.

Постапка: Јајцата изматете ги со масло и со јогурт. Можете да користите маталка, а можете да ги изматите и со виљушка. Додајте сол и просеано брашно, прашок за печиво, па смесата изматете ја за да се изедначи.

Сирењето издробете го, додајте го во тестото и промешајте. Шунката исечкајте ја на ситни коцкички, а може да додадете сланина или нешто друго по ваш избор. Добар вкус и мирис дава ситно исечкана црвена пиперка, на пример.

За да добиете портокалова боја, во тестото можете да ставите и некоја лажица ајвар. Полнете ги намастените калапи или корпички за мафини но не ги преполнувајте до врв, затоа што ќе пораснат при печењето. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 20 минути. / Coolinarika.com