Home Рецепти Солени долги кифли… Знам стотици рецепти, но ниеден не е како овој

Солени долги кифли… Знам стотици рецепти, но ниеден не е како овој

Многу се вкусни и секогаш правам двојна доза.

Потребни состојки:

600 г остро брашно
40 г свеж квасец
малку шеќер
малку сол
500 мл млако млеко
200 мл масло
малку масло за развлекување на тестото
1 жолчка за премачкување
сол за наросување
сусам, ким, крупна сол или нешто по ваш вкус за наросување одозгора

Постапка:

Квасецот разматете го со малку шеќер во малку млако млеко и оставете на топло 10-тина минути додека да се активира и да се запени.

Квасецот додадете го во просеано брашно заедно со маслото и малку со. Замесете го тестото со постепено додавање на млако млеко колку што прима брашното.

Тестото треба да биде доста меко и добро измесено. Од него направете 21 валјачиња, намастете ги и оставете ги малку да одморат.

На лесно намастена работна површина, развлекувајте ги правете долгнавести кифлички.

<

Редете ги во плех, премачкајте ги со изматено јајце, посолете, наросете со сусам или нешто по ваша желба и оставете ги малку да стасаат.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека да добија убава златна боја.