Може да се послужи како ручек или вечера, а барани се и за појадок, а комбинации има безброј. Можете да ги потрошите состојките од фрижидер, а оваа солена пита и натаму ќе биде префина. Може да приготвите зеченчукова, рибина или пита со месо, во зависност од тоа што ви се јаде дента.

Ова е рецепт за класична пита со кашкавал и шунка, а вие според вашите желби прилагодете ја со додавање или одземање на состојки.

Потребни состојки за тесто:

200 г брашно

100 г путер

5 лажици вода

1 лажичка сол

Фил:

3 јајца

1 шолја сечкана шунка

1 шолја рендан кашкавал

½ шолја млеко

½ шолја слатка павлака за готвење

Постапка:

Од брашното, сечканиот путер, вода и сол, замесете тесто.

Тестото завиткајте го во фолија и оставете ја во фрижидер најмалку половина час.

За тоа време пригответе го филот.

Со маталка изматете ги јајцата, потоа додадете млеко и хопла.

Кога ќе добиете еднолична смеса додадете кашкавал и шунка.

Тестото развлечете го на дебелина од околу 5 мм и обложете го калапот за печење.

Врз тестото истурете го филот.

Печете 45 минути на 200 степени или додека питата да добие златна боја.

Забодете нож во средина од питата, доколку излегува чист, питата е готова.

Оставете да излади 10-тина минути, а потоа преселете на чинија за послужување. Уживајте во вкусот!

Save