БАСБОУСА – Арапски гриз колач. Слатко и сочно како од 1001 ноќ. Едноставен, а многу вкусен колач. Полн вкус на кокос ммммм….
Нема кој не го сака овој колач. Доволно е само еднаш да го пробате, а потоа често ќе го правите и ќе ви го бараат. Мерка: шолја од 250 мл
Потребни состојки:
1 шолја шеќер,
1 шолја брашно,
1 шолја кокосово брашно,
1 шолја масло (јас ставив половина),
1 шолја млеко или јогурт,
1 шолја гриз,
1 прашок за печиво,
1 ванилин шеќер и
3 јајца.
За сируп:
2 шолји шеќер (јас ставив една шолја ама тоа е по вкус, мене ми доволно слатко),
1 шолја вода и
2 лажици сок од лимон, портокал или ружина водичка.
Постапка:
Изматете ги јајцата со шеќер додека да станат кремасти, па додајте ги маслото, па млекото и на крај останатите состојки. Оставете ја смесата да одмори 10-тина минути.
Истурете во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Во меѓувреме сварете сируп од шеќер и вода, додека да зоврие, па потоа додајте сок од лимон и гответе уште околу 1-2 минути.
Врелиот колач прелијте го со сирупот и оставете добро да впие и да излади, па потоа сечете на коцки. Во некои рецепти може да се сретне дека пред печење се редат цели бадеми врз колачот.
Се служи со кафе Бахарат, ориентален рецепт за кафе ароматизирано со каранфилче, цимет, кардамом и мускантно оревче.