Сочен колач со јаболко од кујната на Ивана

За ова слатко задоволство потребно е само малку време и не премногу состојки. Потребните состојки најчесто ги имате дома.

Ако немате вишни не мора да ги ставате, но јас ставив за дополнително да се збогати вкусот.

Потребни состојки:

3 јајца

1 чаша шеќер (од 200 мл)

1 чаша масло

1 чаша презла

1 чаша гриз

6 лажици вода

-на врв од лажичката сол

1 прашок за печиво

2 поголеми јаболка

-околу 150г вишни

Постапка:

Не е потребен миксер.

Се’ можете да изматите со маталка или виљушка. Изматете ги јајцата, додадете шеќер и масло па матете додека шеќерот да се растопи. Додадете ги истанатите состојки, промешајте да се соедини и на крај ставете го прашокот за печиво.

Излејте во подмачкан калап, одозгора наредете кругови од излупени јаболка и отстрана набоцкајте ги вишните.

Печете на 200 степени, околу 30 минути или на 180 степени околу 50 минути. Готовиот колач оставете го малку да излади, исечете го и наросете со шеќер.

Loading...