Вашето растение може лесно да се опорави со малку труд. Никој не сака кога ќе му се исушат цветовите, најчесто ги отсекувате деловите кои не се здрави, но само на овој начин можете целосно да ги обновите.
Станува збор за орхидеите, деликатни цвеќиња кои природно растат во топлите краишта полни со влага и чести врнежи. За одгледување на орхидеите во затворен простор потребно е големо знаење и соодветна нега.
Честопати, поради несоодветни услови, несоодветна дренажа, провев, студ, изложеност на сонце или недоволна влага, билката може да почне да се суши или да гние. Во таков случај, неопходно е да се отсече сувото стебло и да се отстрани остатокот од здравото растение.
Што е можно понежно одвиткајте ги корењата и одвојте ја целата стара подлога (супстрат) што почнала да скапува. Исто така добро проверете ги корењата и отсечете сè што се исушило или што почнало да гние.
Растението потоа треба добро да се измие, под млаз вода или во веќе подготвен раствор за дезинфекција (најдобро оризова вода или лукова вода).
Ако коренот е недоволно развиен, растението може да се врати во истата саксија, но ако напредувало му треба повеќе простор, што значи поголема саксија.
На крајот, коренот сепак треба да се стави внимателно во саксијата, а празнините да се пополнат со супстрат. Оваа постапка можете да ја пробате и со други растенија, важно е да бидете внимателни и да ги отстранувате само лошите делови.